УНИЈАТА СО ПОДДРШКА ЗА СЕСТРА ВЕАПОСКА

Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ јавно ги осудува сите обиди за манипулација при разрешување на случајот со родилката од Дебар, воедно наша колешка и член на здружението, сестра Јилдиз Веапоска.
 
Апелираме до надлежните овој случај да го решат што поскоро, пред се во име на хуманоста, но и во име на здравствените работници, односно медицинските сестри кои се незаменлива алка во здравствениот систем. Само на тој начин ќе се врати довербата во системот и во правичноста на нашата држава.

„Сестра Веапоска по траумите кои и беа предизвикани при породувањето во струшката болница побара наша поддршка и реакција која секако ја добива како наш член, наша колешка, но и како жена и мајка која заслужува правдата да излезе на виделина. За жал предизвиканата штета е непоправлива, но овој случај мора да има транспарентен крај.“ - реагираат од извршниот одбор на Унијата.


Унијата на ЗМСТАС ги повикува сите членови и хумани луѓе јавно да ја дадат својата поддршка и да побараат решавање на целиот случај. 

Целата сторија за случајот на сестра Јилдиз Веапоска може да ја прочитате тука.

 



Подготвил:
Даниел Стојмановски
Односи со јавноста и комуникација со медиуми