УНИЈАТА ЈА ПОДДРЖУВА ИНИЦИЈАТИВАТА НА “ХРАБРО СРЦЕ“: ТРАНСПЛАТАЦИЈАТА НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ТАБУ ТЕМА ТУКУ ЧИН НА ЧОВЕКОЉУБИЕ

Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри “ЗА НАС“ ја поддржува иницијативата на здружението „ХРАБРО СРЦЕ“ чија цел е трансплантацијата да не е табу тема, туку чин на човекољубие.
 

 
Умираат чекајќи ја нашата солидарност

Животот им виси на конец на 140 наши сограѓани коишто чекаат трансплантација на органи. Некои од нив можат да го загубат животот во чекање бидејќи во Македонија има недостиг од донори. Главна причина за овој проблем е неразвиена свест кај населението дека со дарување органи може да се спаси нечиј живот. Процесот на трансплантација го отежнува и несоодветната регулатива.

Целосното истражување од страна на Институтот за комуникациски студии можете да го проследите на следниов линк:
„Умираат чекајќи ја нашата солидарност“.

Пребарување

Категории

Актуелно

📣 ПРОДОЛЖЕН РОК ЗА АПСТРАКТИ ДО 10 АВГУСТ 2025 (4 МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ И ЕСНО КОНФЕРЕНЦИЈА)
07.7.2025
👉 Рокот за испраќање на апстракт за активно учество со сопствена презентација или стручна тема е продолжен до 10 август 2025 година.Апстрактите (до 250 зборови) се испраќаат на: aplikacija@zanas.mk
Види детали

Тагови

Архива на вести