СВЕТСКИ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ

Денеска се одбележува светскиот ден на лицата со даунов синдром.

Дауновиот синдром е хромозомопатија која се јавува на 21 хромозом и кај лицата со оваа болест наместо два има три хромозоми. Од Центарот за Даунов синдром се вклучуваат во светската мапа на голема кампања по повод Светскиот ден на дауновиот синдром, која во сите земји е различна, но последниве години заеднички чинител е носењето шарени чорапи.


Од Центарот наведуваат дека лицата со Даунов синдром може да бидат работоспособни, да имаат вработување, сами да се издржуваат, да живеат самостојно.

„Овие лица живеат во нашиот свет, да го смениме нивниот живот од раѓањето, па натаму, за да бидеме во ситуација која ќе бидат возрасни единки да бидат веќе изградени личности кои конструктивно и целосно ќе може да придонесат во општеството. Многу важно е да се потрудиме системски заеднички да понудиме поквалитетен живот на овие лица“, истакна претседателот на Центарот за Даунов синдром Ида Мантон.



Да се формираат групи кои ќе понудат и медицински и психолошки сервиси за поддршка на лицата со даунов синдром“, бараат од Центарот за даунов синдром.

Македонија е многу назад во нудењето сервиси и можности за лицата со даунов синдром, додека во другите држави завршуваат универзитети, редовно се вработени и нивниот живот е функционален и самостоен. Се уште постои голема потреба од системски решенија. Се уште нема податоци за бројот на лица со даунов синдром. Целта на овие кампањи е да се докаже како луѓето со Даунов синдром можат, и даваат значајни придонеси во текот на нивниот живот, без разлика дали во училиште, на работа, во општеството, јавниот и политичкиот живот, културата или спортот.








Извор: МК Медиуми

Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми