СЕ ОДРЖА ГОДИШНОТО СОБРАНИЕ НА УНИЈАТА НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ВО Р.МАКЕДОНИЈА

Викендов, на 15-ти декември се одржа редовното годишно собрание на Унијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри предводени од ЗМСТАС - ЗА НАС.

Годишното собрание го отвори претседателот, сестра Горданка Бешлиовска со говор кон присутното членство, соработниците и добронамерниците на сестринската фела.

Кратко обраќање имаа и претседателите на здруженијата од Унијата: Џеват Салија, Ирена Нечевска и Ивица Билбилоски.



По кратката презентација која ги сублимираше сите активности на здружението од изминатава година и важните датуми за сестринската професија како 17 мај 2017 - ден на формирањето на ЗМСТАС - ЗА НАС и 13 декември 2017 - Потпишувањето на декларацијата за формирање на комора од над 5000 медицински сестри, акцентот беше ставен на главните проблематики со кои се соочува сестринството.
„Ова е само мал дел од сето она што и е потребно на сестринската фела за да можеме да кажеме дека ние сестрите си го вративме достоинството на нашата професија. Министерот ни вети промена во Законот за здравствена заштита, и сите предлози кои нашето здружение ги подготви и ги достави на увид ќе бидат земени во предвид. Како и пред една година, 5000-то членство на оваа Унија сеуште бара официјална и транспарентно овластена комора која ќе ги штити нивните права во иднина. Членството на Унијата е трпеливо но, не за долго. Затоа јавно го повикуваме министерот да се изјасни по прашањата кои ја засегаат сестринската фела.“ - изјави претседателот на Унијата, сестра Горданка Бешлиовска.

На годишното собрание присуствуваа и голем број на еминентни доктори, професори и личности од јавниот свет во Р.Македонија.

 
 

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА МЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ЕСКУЛАП“ ОД РЕПУБЛИКА СРБИЈА
22.4.2024
Изминатиов викенд, во Златибор, се одржа Меѓународниот конгрес на медицински сестри во организација на Здружението на здравствени работници и соработници „ЕСКУЛАП“ од Република Србија, на тема „Подајте раце да победи животот“.
Види детали

Тагови

Архива на вести