Актуелно

ЧЕСТИТКИ ЗА ИЗБОРОТ НА НОВОТО РАКОВОДСТВО НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА

Сојузот на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри, предводен од ЗМСТАС „ЗА НАС“ – Македонија, упатува искрени честитки до проф. д-р Никола Јанкуловски за изборот за претседател на Лекарската комора, до д-р Идриз Орана за изборот за заменик-претседател, како и до новоизбраните потпретседатели д-р Биљана Петковска Огњанова, д-р Ленче Нелоска и д-р Ристо Тодоров.



Им посакуваме успешен мандат, исполнет со професионализам, визија, одговорност и посветеност во остварувањето на целите на Лекарската комора.

Веруваме дека во периодот што следи ќе продолжиме да градиме и унапредуваме партнерски односи засновани на меѓусебно почитување, доверба и конструктивна соработка.

Како Сојуз, остануваме отворени за институционална соработка и заеднички иницијативи насочени кон унапредување на здравствениот систем, професионалниот статус и достоинството на сите здравствени работници.

Само преку заедништво, партнерство и меѓусебно почитување можеме да изградиме посилен здравствен систем и подобра иднина за сите здравствени професии.

Со почит и желби за успешна и плодна соработка!

Сојуз на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри
Предводен од ЗМСТАС „ЗА НАС“ – Македонија

Пребарување

Категории

Актуелно

ЧЕСТИТКИ ЗА ИЗБОРОТ НА НОВОТО РАКОВОДСТВО НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА
12.11.2026
Сојузот на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри, предводен од ЗМСТАС „ЗА НАС“ – Македонија, упатува искрени честитки до проф. д-р Никола Јанкуловски за изборот за претседател на Лекарската комора, до д-р Идриз Орана за изборот за заменик-претседател, како и до новоизбраните потпретседатели д-р Биљана Петковска
Види детали

Тагови

Архива на вести