Актуелно

МАКЕДОНСКОТО СЕСТРИНСТВО ДЕЛ ОД MЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС НА UINARS ВО НИШ, СРБИЈА

Почитувани, во периодот од 23 до 25 октомври 2026 година, во Ниш, Република Србија, се одржа Меѓународниот конгрес на UINARS – Здружението на медицински сестри-техничари за интензивна нега, анестезија и реанимација на Србија.



На овој значаен меѓународен настан учествуваше и делегацијата од Македонија, предводена од м-р Гордана Бешлиовска, претседателка на Сојузот на здруженијата на медицинските сестри, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија.



Дел од делегацијатае беше и Каролина Ѓорѓијевска, главна медицинска сестра на КАРИЛ при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – Скопје и Илија Милошевски, медицински техничар во Здравствениот дом – Скопје.

Нашата долгогодишна соработка со UINARS – Ниш, Србија, продолжува да се развива и зацврстува преку професионални средби, размена на искуства и заедничка посветеност на унапредувањето на сестринската професија.



М-р Гордана Бешлиовска учествуваше во панелот на свеченото отворање на Конгресот, каде што се говореше за стратегиите и иднината на меѓународното сестринство, со посебен акцент на улогата на медицинските сестри во современото здравство.

Во рамките на конгресните активности, делегацијата оствари значајни средби со Џеки Роус, извршна директорка на IFNA, и Зорица Кардош, генерална секретарка, како и со нашите колеги од здружението „ПУЛС“ од Босна и Херцеговина и од здружението од Лозница  Србија, како и до голем број представници од анестезијата и реанимацијата.



Дел од делегацијата од Македонија беше и спец. мед.сестра Жанета Богоевска-Митева, од ,,Жан Митрев - Клиниката во Скопје,  која на сестринството во Македонија е гордост како претседател на ,,EFKKNA" – Европската федерација на медицински сестри за анестезија и реанимација и интензивно лекување.



Таа имаше свое обраќање и упати поздрави во име и на ESNO – Европската специјалистичка организација за медицински сестри, во која членува и нашата организација.

Учеството на овој конгрес претставува значаен придонес кон продлабочувањето на меѓународната соработка, размената на професионални искуства и планирањето на идните активности и учества во рамките на IFNA и ESNO.

Упатуваме искрена благодарност до Гордана Драгашев, и нејзиниот тим за срдечното гостопримство, посветеноста и успешната организација на овој значаен меѓународен конгрес.



Со заедништво, професионалност и меѓународна соработка, продолжуваме да го градиме угледот на македонското сестринство и да ја зајакнуваме улогата на медицинските сестри во современото здравство.

Сестринството нè поврзува – знаењето нè движи напред.

Пребарување

Категории

Актуелно

МАКЕДОНСКОТО СЕСТРИНСТВО ДЕЛ ОД MЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС НА UINARS ВО НИШ, СРБИЈА
26.10.2026
Почитувани, во периодот од 23 до 25 октомври 2026 година, во Ниш, Република Србија, се одржа Меѓународниот конгрес на UINARS – Здружението на медицински сестри-техничари за интензивна нега, анестезија и реанимација на Србија.
Види детали

Тагови

Архива на вести