Почитувани, во пресрет на V Јубилејниот меѓународен конгрес на медицински сестри, кој од утре започнува во Струга со учество на претставници од повеќе земји, денеска ќе се реализира здравствено-превентивна и хуманитарна акција наменета за граѓаните на Струга.
Акцијата ќе започне во 12:00 часот, кај мостот на Црн Дрим, а ќе ја реализираат ЗМСТАС „ЗА НАС“, во соработка со Црвениот крст – Струга, медицинските сестри од Општата болница – Струга, СОУ „Нико Нестор“ и медицински сестри – членки на Сојузот.
Во рамки на акцијата, граѓаните ќе имаат можност за бесплатно мерење на крвен притисок и гликемија, како и за здравствено-едукативни разговори со медицински професионалци.
Со оваа иницијатива, сакаме да испратиме порака за значењето на превенцијата, здравите навики и навремената контрола на здравствената состојба, но и да покажеме дека големиот меѓународен настан носи конкретна вредност и за локалната заедница.
Додека Струга деновиве ќе биде домаќин на медицински сестри и професионални претставници од повеќе земји, денешната акција ќе биде можност меѓународното присуство да се претвори во директна поддршка и контакт со граѓаните.