Почитувани ве известуваме дека Сојузот на ЗМСТАС на Македонија предводен од ЗМСТАС „ЗА НАС“ на Македонија во периодот од 28ми до 31ви октомври (2026) учествуваше на основачкото собрание во Виена, Австрија на Европската федерација на асоцијациите за итна и ургентна медицина – организација која ќе биде гласот на професионалците во итните медицински тимови, вклучувајќи ги медицинските сестри, техничарите, болничарите, негувателите и сите останати професионалци вклучени во системот на итната медицинска помош.

Нашето Здружение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ од Македонија, како дел од меѓународните асоцијации, по покана на организаторите, е претставник на Македонија и еден од основачите на оваа значајна Европска федерација.
Нашето Друштво за итна медицинска помош, под раководство на дипл. мед. тех. Марјан Серафимовски, се соочува со нов предизвик – активно учество во поставувањето и унапредувањето на стандардите во итната медицинска служба согласно европските стандарди, со цел навремена, квалитетна и високо професионална здравствена услуга, достапна за секој пациент.

ИГОР ЦРНИЧ, СЛОВЕНИЈА (Потпретседател на EUFEA) | ГОРДАНА БЕШЛИОВСКА, С. МАКЕДОНИЈА (Претседател на Сојузот на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“ на Македонија | КЛЕМЕНС КАЛТЕРБЕРГЕР, АВСТРИЈА (Претседател на EUFEA)
Нашето членство како основачи на Европската федерација претставува особена гордост за македонското сестринство и здравствените професионалци.Тоа е можност за поголема меѓународна соработка, размена на искуства, унапредување на професионалните компетенции и подигнување на квалитетот на здравствената заштита.
На основачката конференција, претседателката м-р Гордана Бешлиовска имаше свое обраќање, претставувајќи го идентитетот, досегашните достигнувања и програмските активности на нашиот Сојуз „ЗА НАС“, како и активностите и визијата на Друштвото, за итна медицинска помош на Македонија.

На конференцијата присуствуваа претставници од 11 земји, со кои имавме можност да воспоставиме контакти, да размениме искуства и да отвориме нови перспективи за идна соработка.

Упатуваме искрена благодарност до домаќините, нашите колеги од Австрија, Виена и Линц, како и до сите претставници и соработници од Словенија, Босна и Херцеговина, Романија, Унгарија, Бугарија, Белгија, Португалија, Швајцарија, Германија , Република Српска.

Македонија е дел од европското семејство на итната медицинска помош!
Заедно градиме професионални стандарди, посилна меѓународна соработка и подобра иднина за здравствените професионалци и пациентите. Ова е уште една гордост, за учество во меѓународните сестрински политки.

ЗА НАС – за професијата, за професионалците и за пациентите!