Одржан Осмиот конгрес на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита

Сојузот на здруженијата на медицинските сестри, акушерки и стоматолошки сестри, предводен од ЗМСТАС „ЗА НАС“ и претседателката м-р Гордана Бешлиовска, имаше чест да земе активно учество на свеченоста по повод Осмиот конгрес на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.
 

Денес имавме чест да бидеме дел од свеченоста по повод Осмиот конгрес на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, во рамки на Сојузот на здруженијата на медицинските сестри, акушерки и стоматолошки сестри, предводен од ЗМСТАС „ЗА НАС“ – на Македонија, предводени од  претседателката 
м-р Гордана Бешлиовска.

️Конгресот беше можност за заедничко одбележување на досегашните достигнувања, но и за отворање на нови перспективи и предизвици во унапредувањето на правата и статусот на здравствените работници.

На досегашниот претседател Љубиша Карафиловски му упатуваме искрена благодарност за досегашниот ангажман, посветеност и придонес во работата на Синдикатот.








На новоизбраниот претседател д-р Ѓорѓи Ставридис му го честитаме изборот и му посакуваме успешен мандат, исполнет со остварени синдикални и колективни права, унапредување на условите за работа и донесување и спроведување на посебен закон за медицинските сестри во Република Македонија.





На Конгресот беа избрани и новиот Совет и одборите на Синдикатот, на кои им посакуваме успешна и плодна работа.





За нас беше особена чест што ни беше укажана можност да се обратиме пред присутните и да ги споделиме нашите ставови, заложби и визија за иднината на медицинските сестри и сите здравствени работници.
Заедно, со единство, достоинство и професионалност – за подобар статус, поголеми права и почит кон професијата медицинска сестра.

Пребарување

Категории

Актуелно

ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ВО ВИЕНА: МАКЕДОНСКОТО СЕСТРИНСТВО И ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ОСНОВАЧИ НА ЕВРОПСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА АСОЦИЈАЦИИТЕ ЗА ИТНА И УРГЕНТНА МЕДИЦИНА
02.11.2026
Нашето членство како основачи на Европската федерација претставува особена гордост за македонското сестринство и здравствените професионалци.Тоа е можност за поголема меѓународна соработка, размена на искуства, унапредување на професионалните компетенции и подигнување на квалитетот на здравствената заштита.
Види детали

Тагови

Архива на вести