ЗМСТАС „ЗА НАС“ со успешно учество на XII Конгрес на здружението „ПУЛС“ во Коњиц, Босна и Херцеговина

Претставниците на ЗМСТАС „ЗА НАС“ зедоа активно учество на XII Конгрес на здружението на здравствени техничари од сите профили „ПУЛС“, кој се одржа во Коњиц, Босна и Херцеговина.



Делегацијата на ЗМСТАС „ЗА НАС“-Македонија имаше чест и привилегија професионално да го претстави македонското сестринство и здравствен сектор преку стручни предавања и постер-презентација. Со ова активно учество, здружението даде значаен придонес во размената на најновите знаења, практични искуства и современи професионални практики во областа на здравствената нега.

 

XII Конгрес на „ПУЛС“ уште еднаш се потврди како важна платформа за поврзување на медицинските сестри и здравствените работници од целиот регион. Настанот овозможи плодна дискусија, воспоставување нови професионални контакти и зајакнување на регионалната соработка со цел подобрување на квалитетот на здравствените услуги.

Упатуваме искрена благодарност до организаторите за топлото гостопримство, беспрекорната организација и можноста за конструктивно дружење со колегите.

 

ЗМСТАС „ЗА НАС“ упатува искрени честитки за успешно реализираниот конгрес до организацискиот одбор и претседателот на здружението „ПУЛС“, г-дин Мевлудин Бабајиќ.

Му посакуваме на здружението уште многу успешни конгреси во иднина, нови професионални достигнувања и уште поблиска меѓусебна соработка во години што доаѓаат.

Пребарување

Категории

Актуелно

ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ВО ВИЕНА: МАКЕДОНСКОТО СЕСТРИНСТВО И ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ОСНОВАЧИ НА ЕВРОПСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА АСОЦИЈАЦИИТЕ ЗА ИТНА И УРГЕНТНА МЕДИЦИНА
02.11.2026
Нашето членство како основачи на Европската федерација претставува особена гордост за македонското сестринство и здравствените професионалци.Тоа е можност за поголема меѓународна соработка, размена на искуства, унапредување на професионалните компетенции и подигнување на квалитетот на здравствената заштита.
Види детали

Тагови

Архива на вести