🔥 ИСТОРИСКИ НАСТАН ВО СТРУГА (02 - 04 ОКТОМВРИ): ,,ЗМСТАС ЗА НАС" НА МАКЕДОНИЈА СО ГОРДОСТ ГО НАЈАВУВА V-ОТ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ!

Македонија застанува во центарот на европското и светското сестринство. Од 2-ри до 4-ти октомври во Хотел Дрим во Струга, Сојузот на медицински сестри „ЗМСТАС ЗА НАС“ на Македонија со гордост ќе биде домаќин на јубилејниот Петти меѓународен конгрес на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри, како и на Првиот Национален Самит посветен на безбедноста, достоинството и благосостојбата на сите здравствени работници.

Овој исклучителен настан ќе обедини над 600 учесници, меѓу кои високи делегации и претставници од над 40 меѓународни асоцијации, федерации и комори од 20 различни држави. Во рамките на програмата, 16 ексклузивни предавачи и реномирани универзитетски професори од водечките европски центри како Шведска, Италија, Турција, Грција и Бугарија, ќе ги презентираат најновите методи, научни трудови и современи практики во здравствената нега.

Клучен момент на конгресот ќе биде донесувањето на историската „Резолуција 2026 од Македонија-Струга“, која се фокусира врз заштитата, професионалното право и безбедноста на медицинскиот кадар, под силното мото: „Грижа за оние кои се грижат за сите!“.

„Медицинските сестри се вистинското богатство на секоја нација и темел на здравствениот систем. Нашата мисија е јасна, бараме целосно системско признавање, достоинствени услови за работа, законско регулирање на професијата и заштита за секој здравствен работник, истакна Гордана Бешлиоска, претседателка на Сојузот.

Пребарување

Категории

Актуелно

ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ВО ВИЕНА: МАКЕДОНСКОТО СЕСТРИНСТВО И ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ОСНОВАЧИ НА ЕВРОПСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА АСОЦИЈАЦИИТЕ ЗА ИТНА И УРГЕНТНА МЕДИЦИНА
02.11.2026
Нашето членство како основачи на Европската федерација претставува особена гордост за македонското сестринство и здравствените професионалци.Тоа е можност за поголема меѓународна соработка, размена на искуства, унапредување на професионалните компетенции и подигнување на квалитетот на здравствената заштита.
Види детали

Тагови

Архива на вести