Гордана Бешлиовска во „Ја сакам Македонија“: Недостигот на патронажни сестри е алармантен, потребни се итни реформи

Проследете го разговорот со Гордана Бешлиовска, Претседателката на здружението ,,ЗМСТАС ЗА- НАС“ на  Македонија, која гостуваше во утринската емисија „Ја сакам Македонија“, каде што отвори значајна дискусија за состојбата со патронажната служба и превентивната заштита во земјава.
 

Ова што го зборувате во однос на недостатоците  во патронажните служби во превентивната здравствена заштита е еден проблем кој што ни се провлекува со години наназад. Бидејќи самата патронажна служба нема освежување на кадрите. Тоа што се случува во континиутитет со години наназад , во истата служба зборува за тоа дека статусот договор на дело, голем број од тие медицински сестри, не ги вработи. И дојдовме во ситуација ако земеме некој просек на бројки и информации од институтот за јавно здравје, и она кое што нашето здружение располага со податоци, бидејќи членството е од цела Македонија во нашето здружение. Конкретно и патронажните медицински сестри имаат свое друштво во нашето здружение. Тие имаат свои настани на кои што, на последниот настан имаа за задача да излезат со генералните бројки , колку се, колку треба да бидат и што е тоа што им недостасува. Па од тука се сите наши податоци за се што се случува во патронажната служба.Овие индикатори ги прават резултаите и сето тоа колку сме постигнале и колку сме се поместиле. - Изјави Бешлиовска.

 

Патронажната сестра е една од најдиректните врски меѓу домот и здравствениот систем, чија примарна улога е превенцијата, здравственото советување и раното откривање на заболувањата. Сепак, теренските податоци покажуваат алармантна состојба: општини со над 60.000 жители функционираат со само две до пет патронажни сестри. Покрај сериозниот недостиг на кадар, службата се соочува и со стареење на персоналот, долготрајни ангажмани со договори на дело, како и со недостиг на соодветни услови за работа и транспорт.

Во ова интервју, Бешлиовска потенцира дека државата мора итно да инвестира во законско уредување на професијата, јасно дефинирање на компетенциите и подобрување на условите на терен, сѐ со цел корисниците на услугите навремено да се заштитат и да не станат пациенти.

Главни точки од разговорот:

  • Сериозен дефицит на кадар: Општини со над 60.000 жители се соочуваат со само неколку активни патронажни сестри на терен.

  • Предизвици на терен: Стареење на службата, недостиг на основна опрема и транспорт.

  • Потреба од реформи: Итно дефинирање на законските компетенции, лиценцирање и поддршка за превентивното здравство.

 

Пребарување

Категории

Актуелно

СТРУГА ДЕНЕС ВО ЗНАКОТ НА ПРЕВЕНЦИЈАТА: МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ СО ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ
01.10.2026
Акцијата ќе започне во 12:00 часот, кај мостот на Црн Дрим, а ќе ја реализираат ЗМСТАС „ЗА НАС“, во соработка со Црвениот крст – Струга, медицинските сестри од Општата болница – Струга, СОУ „Нико Нестор“ и медицински сестри – членки на Сојузот.
Види детали

Тагови

Архива на вести