Почитувани,
Со особена чест и задоволство Ве покануваме да бидете дел од
Петтиот меѓународен конгрес на медицински сестри,
кој ќе се одржи од 2 до 4 октомври 2026 година,
во хотел „Дрим“ во Струга, Република Северна Македонија.
Овогодинешниот конгрес се организира под мотото „Грижа за оние кои се грижат за сите“, со кое се истакнува значењето на грижата за здравјето, благосостојбата и професионалната поддршка на медицинските сестри, медицинските техничари и акушерките – професионалци кои секојдневно се грижат за здравјето и животот на пациентите и претставуваат незаменлив столб на здравствениот систем.
Настанот ќе обедини медицински сестри, медицински техничари и акушерки од земјата и странство, создавајќи можност за стручна дискусија, размена на искуства, презентација на современи и иновативни практики, како и воспоставување нови професионални соработки и партнерства.
Посебна вредност на овогодинешната програма претставува одржувањето на Третиот меѓународен настан - Самит на сестрински здруженија, асоцијации и федерации, со што конгресот дополнително го зацврстува својот меѓународен карактер, углед и значење како платформа за регионална и меѓународна соработка.
Во рамките на свечените активности ќе биде врачена и Повелбата и одликувањето од прв ред „Славјанка Влахчева“, признание што традиционално им се доделува на поединци кои со својата долгогодишна работа, професионалност и посветеност оставиле значаен придонес во развојот, унапредувањето и афирмацијата на сестринската професија.
Организатор на конгресот е ЗМСТАС „ЗА НАС“ на Македонија, предводен од Сојузот на ЗМСТАС на Македонија, кој и оваа година со висок професионализам, посветеност и одговорност ја организира оваа престижна меѓународна стручна манифестација.
👉 Ги покануваме сите заинтересирани учесници кои сакаат активно да се вклучат во програмата
преку усно излагање или презентација на стручен труд,
да достават апстракт со максимална должина до 250 зборови
на електронската адреса aplikacija@zanas.mk,
најдоцна до 15 јули 2026 година.
📌 Доколку се појават технички потешкотии при испраќањето на електронската пошта, апстрактите може да се достават и на адресата zanas.zmsta@gmail.com.
ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
(кликнете ТУКА за да го превземете)
Веруваме дека и ова издание на конгресот ќе донесе нови идеи, ќе поттикне успешни професионални партнерства и ќе даде значаен придонес кон понатамошниот развој и унапредување на сестринската практика.
Со нетрпение го очекуваме Вашето присуство и заеднички да придонесеме кон создавање на посилно, попрепознатливо и поуспешно сестринство.