ЗМСТАС – ЗА НАС Е ДЕЛ ОД IFNA: Историски момент за сестринството во Македонија

Со голема гордост ја објавуваме веста дека Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ официјално е примено како членка во Меѓународната федерација на сестри-анестезиолози (IFNA). Овој чекор претставува значаен напредок за сестринството во Република Северна Македонија и потврда за посветеноста на нашето здружение на унапредување на професионалните стандарди.
 
IFNA – ПАТ КОН ГЛОБАЛНАТА ЗАЕДНИЦА НА СЕСТРИ

IFNA е глобална организација која ги претставува сестрите-анестезиолози и се залага за унапредување на образованието, стандардите и практиките во анестезиологијата.

По зачленувањето во Европската Организација на сестри специјалисто – ЕСНО и Европската Асоцијација за историјатот на сестринството ЕАHN, и сега како дел од IFNA, ЗМСТАС – ЗА НАС станува дел од меѓународната сестринска заедница, што ни дава можност за директна соработка и размена на искуства со колеги од целиот свет.

Бидејќи IFNA е дел од Меѓународниот совет на медицински сестри (ICN), членството во IFNA ни ја отвора вратата кон пошироко глобално влијание и поддршка. Во наредниот период ќе се залагаме да ја зацврстиме и официјалната врска со ICN, за уште повеќе да ја промовираме улогата на медицинските сестри од Македонија на светската сцена.
 

„Примениот статус во IFNA е резултат на посветеноста и трудот на сите членови на ЗМСТАС – ЗА НАС. Ова признание ја потврдува нашата посветеност на унапредување на сестринската професија и ја отвора вратата кон глобална соработка и идни можности за поврзување со сестрите ширум светот. Членството во IFNA е историски момент за сестринството во Македонија. Тоа не само што го зацврстува нашето место во меѓународната сестринска заедница, туку и ни овозможува да работиме кон официјална интеграција во ICN во наредниот период. Со нетрпение очекуваме претстојниот конгрес и конференција, кои ќе ги обединат професионалците од земјата и светот и ќе придонесат за понатамошен развој на сестринската професија.“, изјави м-р Гордана Бешлиовска, претседателка на ЗМСТАС – ЗА НАС.
 
Потсетуваме дека оваа година, ЗМСТАС – ЗА НАС ќе биде домаќин на Четвртиот Конгрес на медицински сестри и Регионалната ESNO конференција, на кои ќе учествуваат еминентни предавачи и експерти од целиот свет. Овие настани ќе бидат уникатна можност за споделување знаења и искуства и за унапредување на професионалниот развој на сестрите во Македонија.

Пребарување

Категории

Актуелно

ℹ️ ИНФОРМАЦИИ ЗА КОТИЗАЦИЈА И СМЕСТУВАЊЕ ЗА ПЕТТИОТ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ПРВИОТ САМИТ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ СЕСТРИНСКИ ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ И ФЕДЕРАЦИИ
03.7.2026
Придружете ни се на V Меѓународен конгрес на медицинските сестри и Првиот меѓународен Самит на меѓународните сестрински здруженија, асоцијации и федерации, кои ќе се одржат од 2 до 4 октомври 2026 година во хотел „Дрим“ – Струга.
Види детали

Тагови

Архива на вести