ХУМАНИТАРЕН КАРАВАН: БРЗА ПОМОШ ПРИ ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ - ТЕТОВО

Почитувани, продолжува хуманитарниот караван на „ЗМСТАС ЗА-НАС“ - Сестрите за сестрите!

Хуманитарното друштво „Ивона Пешевска“, дел од Унијата на здруженија при „ЗМСТАС ЗА-НАС“, заедно со познатиот токсиколог д-р Нико Беќароски, вчера реализираше уште една успешна активност во соработка со медицинските сестри и техничари од Брзата помош при „Здравствен дом - Тетово“.



Со оваа иницијатива, повторно се истакнува значењето на медицинските професионалци кои несебично се посветени на здравјето и благосостојбата на граѓаните.



Особена благодарност упатуваме кон: Директорот на „Здравствен дом Тетово“, д-р Јоанникис Константинополус, Дипломираниот медицински техничар Марјан Серафимовски, Специјалист медицинска сестра Рената Ајети, како и кон сите колеги и колешки од тимовите во службата за нивната посветеност и поддршка.

„Гордост сте за сите нас!“ – истакнаа од Унијата, нагласувајќи дека со вакви заеднички напори се стремиме кон подобри времиња за сите.




Иницијативата „ЗМСТАС ЗА-НАС“ продолжува, носејќи хуманост и поддршка во секој град низ Македонија.

Пребарување

Категории

Актуелно

ЈУБИЛЕЈ: Пет конгреси, девет години „ЗА НАС“ !
25.9.2026
Од самиот почеток, идејата беше да се создаде простор во кој сестринството ќе биде поврзано, професионално организирано и постојано насочено кон знаење, едукација и развој.Во истата година беше формирана и Унијата на ЗМСТАС на Македонија, предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ на Македонија.
Види детали

Тагови

Архива на вести