ХУМАНИТАРЕН КАРАВАН: ЗД „Гоце Делчев“ - Делчево

Почитувани, најавениот хуманитарен караван на хуманитарното друштво „Ивона Пешевска“ при ЗМСТАС „ЗА НАС“ започна токму денес со посетата на Здравствениот Дом „Гоце Делчев“ во Делчево каде покрај таргет групата на медицинските сестри од брзата помош сепак на обострано задоволство беше и присуството на сите медицински лица од целиот здравствен дом.


 
Во оваа прилика Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ симболично врачи скромни подароци, но најважното е што успеа во својата мисија во овие предновогодишни празници сестрите да бидат со сестрите, да си бидат поддршка едни на други, и заеднички да изнајдеме решение за сите синдикални и системски проблеми.


 
Големо задоволство беше и присуството на директорката на ЗД „Гоце Делчев“ - Делчево, д-р Биљана Георгиева специјалист психијатар, која даде голема поддршка за сестрите и ја поддржа целта на Унијата и Здружението, потенцирајќи дека во секое време и во секој момент ќе ги поддржи сестрите, кариерните развои и образовните процеси бидејќи смета дека сето тоа е во стратешките програми за подобро остварување во сестринската професија и нудење на поквалитетни услуги кон пациентите во овој дом.

Нас ни е особено драго што менаџментот има слух и нуди поддршка во иднина за заедно да си ги остварат правата и да нудат унапредување на квалитетот на услугите. Унијата предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ е особено горда на уште една успешно завршена мисија, и потенцираме дека секогаш единството и меѓусебното разбирање ќе не одведе до позитивни реализирани цели. - изјави сестра Гордана Бешлиовска по повод стартувањето на хуманитарниот караван.

 


Пребарување

Категории

Актуелно

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА УНИЈАТА НА ЗМСТАС ПРЕДВОДЕНА ОД ЗМСТАС „ЗА НАС“ ВО ЦРКОВНАТА НАРОДНА КУЈНА
29.12.2025
Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки и стоматолошки сестри предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, заедно со своето Хуманитарно друштво „Ивона Пешевска“, реализираше хуманитарна акција во црковната народна кујна, во соработка со Хуманитарната организација „Свети Спас“.
Види детали

Тагови

Архива на вести