ВО ПРЕСРЕТ НА 3 КОНГРЕС: ОФИЦИЈАЛЕН ПРИЕМ КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА С. МАКЕДОНИЈА

Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ во текот на денешниот ден имаше официјална посета, прием кај Претседателот на Република С. Македонија – Проф. Гордана Сиљановска Давкова, во пресрет на одржувањето на 3-от Меѓународен конгрес на медицинските сестри.



Нашата делегација во состав од м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата и здружението, како и членовите: Илија Милошевски, Стојанка Манасиевска, Христина Гулеска и ученичката Марија Наумоска од средното медицинско училиште „Ѓорче Петров“ во Прилеп беа срдечно пречекани и имаа можност да разговараат на теми поврзани со унапредување на сестринската професија во нашата земја.



„Почит кон нивната благородна професија и поддршка на континуираниот ангажман за унапредување на положбата на сестрите и акушерките во државата, што непосредно влијание врз севкупните здравствени услуги за граѓаните“ – истакна Претседателот на Р. С. Македонија, Проф. Гордана Сиљановска Давкова.


 
Поради континуирани ангажмани, најавеното присуство на Претседателот на Р. С. Македонија на Свеченото отворање на Конгресот нема да се одржи, но Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ предвиденото специјално почесно одликување со реплика на медалот од „Славјанка Влахчева“ и почесното зачленување во нашето здружение ќе го реализира веднаш по завршувањето на конгресот.


 

Пребарување

Категории

Актуелно

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА УНИЈАТА НА ЗМСТАС ПРЕДВОДЕНА ОД ЗМСТАС „ЗА НАС“ ВО ЦРКОВНАТА НАРОДНА КУЈНА
29.12.2025
Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки и стоматолошки сестри предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, заедно со своето Хуманитарно друштво „Ивона Пешевска“, реализираше хуманитарна акција во црковната народна кујна, во соработка со Хуманитарната организација „Свети Спас“.
Види детали

Тагови

Архива на вести