СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА 2024: ДОДЕЛУВАЊА НА ПРИЗНАНИЈА ЗА НАЈХУМАНА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА

Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ на 10.05.2024 година (петок) традиционално по 7ми пат ќе одржи Свечена Академија во чест на Меѓународната недела на сестринската професија, каде во присуство на голем број соработници и естрадни уметници ќе бидат доделени признанија за најхумана медицинска сестра за изминатата година.
 
ЛОКАЦИЈА: ДОМ НА АРМ - СКОПЈЕ
ДОНАЦИСКИ БАЗАР: СТАРТ 12:00 ЧАСОТ
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА: СТАРТ 13:00 ЧАСОТ
 
Оваа година прославата на Денот на медицинската сестра ќе започне со донацискиот базар „Сестрите за сестрите“ во 12 часот во Дом на АРМ - Скопје. Базарот ќе биде поставен во фоајето пред големата сала во Домот на АРМ, каде сите присутни ќе може да донираат за медицинските сестри кои се лекуваат од малигни заболувања.
 
Донациска сметка
210072009940126 (НЛБ БАНКА)

По завршувањето на донацискиот базар, во 13:00 часот ќе започне и традиционалната свечена академија.

Ве очекуваме.

ИЗВРШЕН ОДБОР НА ЗМСТАС „ЗА НАС“

Пребарување

Категории

Актуелно

Македонските сестри поврзани со светот: Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството 2026
14.5.2026
На 12 мај 2026 година, во Домот на културата во Тетово, свечено и во силна атмосфера на почит, емоции и професионална гордост, беше одбележана Меѓународната недела на сестринството во Македонија преку одржување на 9-тата Свечена академија по повод 5 Мај – Светскиот ден на акушерките и 12 Мај – Интернационалниот ден на медицинските сестри.
Види детали

Тагови

Архива на вести