СЕ ОДРЖА ТРЕТАТА ТРИБИНА ВО ТЕТОВО: ОТВОРЕНО СО СЕСТРИНСТВОТО ЗА СЕСТРИНСКАТА ДЕЈНОСТ

Почитувани членови ве известуваме дека минатата недела на 09.02.2024год. (петок) се одржа третата трибина на тема „Отворено со сестринството“ како дел од панел дискусиите посветени на Законот за сестринска дејност.

Настанот се одржа со помош на Факултетот за медицински науки во Тетово, пред многубројни медицински сестри и поддржувачи од овој регион.

Со свој поздравен говор официјалниот дел го отвори Проф. д-р Невзат Елези, Декан на Факултетот за медицински науки во Тетово, при што порача успешно работење на Унијата и поскоро донесување на Законот.

Специјални гости на настанот беа 
Проф. д-р Неџибе Нухи, Продекан на Факултет за медицински науки во Тетово, Зоран Перовски, Претседател на Сојузот на здруженија од Тетово и претставниците од СМУ „Никола Штејн“ - Тетово.

Меѓу присутните со свој говор ги поздравија и 
м-р Наџије Фетаи, Координатор на Унија на ЗМСТАС и Претседател на ЗМСТЛА „Флоренс Најтингејл“ - Тетово и Џеват Салија, дип.мед.тех., Координатор на Унија на ЗМСТАС и Претседател на ЗМСТАЛА - Гостивар.



Голема благодарност искажуваме до редовните панелисти и поддржувачи на овие трибини 
д-р Злате Мехмедовиќ, Национален координатор за реформи во примарната здравствена заштита и м-р Симона Атанасова, преставник од Светската Здравствена Организација која имаше и предавање на тема „Поддршката на СЗО за развојот на сестринската професија во Р. С. Македонија“.

„Задоволството е огромно што на оваа трибина посетеноста беше навистина голема. По основ на сите проблематики со кои се соочуваме како професија важно е што медицинските сестри се запознаени со случувањата и активно се вклучуваа во панел дискусиите предлагајќи свои решенија и насоки како да се оформи Законот. Жал ни е што временски немавме можност да ги слушнеме сите мислења, но истовремено и среќни за интересот и позитивните реакции на присутните.“ - изјави м-р Гордана Бешлиовска, Претседател на Унија на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“.


Свое излагање имаа и директните уесници во работните групи за изработка на Законот: м-р Јулијана Маџовска, Претседател на Друштвото за историјатот на сестринската професија при ЗМСТАС „ЗА НАС“, Ирена Нечевска, дип. мед. тех., Координатор на Унија на ЗМСТАС и Претседател на ЗМСТА „Славјанка Влахчева“ при Унијата на ЗМСТАС, м-р Данче Сердарска, Член на извршниот одбор при ЗМСТАС „ЗА НАС“ и Ленче Донева, дип. мед. тех., Член на извршниот одбор при ЗМСТАС „ЗА НАС“.

Воедно искажуваме и голема благодарност до 
Каролина Петковска, голем хуманист, наш долгогодишен соработник и водител на овие трибини, како и до Илија Милошевски, дип.мед.тех., Член на Извршниот одбор на ЗМСТАС „ЗА НАС“ за беспрекорната техничка поддршка.

Последната, четврта трибина ја најавуваме за 16ти февруари во Струмица.