ЗМСТАС „ЗА НАС“ ДОБИТНИК НА ПЛАКЕТА ЗА ОСОБЕН ПРИДОНЕС ЗА РАЗВОЈ И ДЕЛОВНА СОРАБОТКА НА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА 65 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ НА JЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина “13 Ноември”

Вчера вечер JЗУ Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина “13 Ноември” одбележа јубилеј од 65 години постоење и успешно работење во нашата земја. 

Основната функција на оваа болница, е да им помогне на исклучително ранливите категории, а тоа се старите и изнемоштени лица и пациентите на кои им е неопходна интензивна нега и палијативна грижа.



Меѓу присутните значаен беше и говорот на претседателот на нашата земја, г-динот Стево Пенадровски кој изјави дека болницата „13 Ноември“ низ годините ги усвоила сите благородни вредности и затоа денес може да биде пример за многу јавни и приватни установи за тоа како треба да се грижат за своите пациенти.



Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ оваа година беше добитник на плакета за особен придонес за развој и деловна соработка.








 

Пребарување

Категории

Актуелно

​НАЦИОНАЛНИОТ САМИТ НА ПЕТТИОТ ЈУБИЛЕЕН КОНГРЕС – УСПЕХ НА МАКЕДОНСКОТО СЕСТРИНСТВО И ИНИЦИЈАТИВА ЗА МЕЃУНАРОДЕН ДОКУМЕНТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА
14.10.2026
Почитувани ве информираме дека вчера, во Народната канцеларија на претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, ЗМСТАС „ЗА НАС“ на Македонија ја одржа петтата трибина по ред, посветена на подготовката, доработката и финализирањето на Декларацијата за безбедност при работа.
Види детали

Тагови

Архива на вести