РАБОТЕН СОСТАНОК СО КООРДИНАТОРИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“

Почитувани членови ве известуваме дека во текот на минатата недела беше одржан работен состанок со координаторите на нашето здружение чиј дневен ред се состоеше од:
 
- преглед на активностите на здружението поврзани со потпишувањето на договорот со Балканската Асоцијација на Медицински Сестри;
- подготовки за претстојниот втор конгрес со меѓународно учество;
- дискусија во врска со новото покачување на платите на медицинските сестри
- и избор на нови координатори во неколку здравствени институции.

„Зачленувањето на нашето здружение во БАМС е од огромно значење чии придобивки ќе ги почуствуваме сите во наредниот период, особено при организирањето на настаните со меѓународно учество каде препознатливоста е важен фактор при обезбедувањето на учесниците и гостите.

Вториот конгрес е еден таков настан и токму овој период ги финализираме сите активности започнувајќи од аплицирањето на трудови, формирање на котизацијата, истакнување на понудите за сместување и обезбедување на финансиски средства за организирање на истиот.

Во однос на новото покачување на платите, едногласно изразуваме незадоволството од спроведувањето, како и од непризнавањето на високото образование. Во текот на состанокот дадовме предлог за организирање на трибина со Министерството за здравство и Синдикатот на здравствените работници за решавање на проблемите околу договорите на дело и неисплатата на дежурствата. А воедно, ги замолуваме и сите оштетени членови на нашето здружение, по оваа точка и писмено да се изјаснат и да го приложат на нашата официјална електронска адреса.

Во врска со последната точка, во интерес на непречејна соработка направивме реизбор и избор на нови координатори - членови на нашето здружение поради заминувања во пензија и неможност да се одговори на сите активности. Подетални информации за овие промени ќе добиете од координаторите на институциите во кои сте во работен однос.“
- изјавуваат од извршниот одбор на ЗМСТАС „ЗА НАС“.

На работниот состанок присуствуваше Претседателот на здружението, Членови на извршниот одбор и 23 координатори на ЗМСТАС „ЗА НАС' од здравствените институции ширум нашата земја.




 

Пребарување

Категории

Актуелно

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА 2024: ПРИЗНАНИЈА ЗА НАЈХУМАНИТЕ
13.5.2024
Започнувајќи од 5ми мај, Денот на акушерките па се до 12ти мај, Денот на медицинската сестра Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ организираше низа случувања кои кулуминираа со седмата свечена академија, која и овој пат беше организирана во Домот на АРМ, Скопје.
Види детали

Тагови

Архива на вести