„СВЕТСКИ ДЕН БЕЗ ТУТУН“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Почитувани членови ве известуваме дека Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „За нас“ беше поканета од Министерството за здравство да учествува на презентација на студиите на тема „Употреба и откажување од тутунот во С.Македонија“.

На настанот, организиран во пресрет на „31 мај – Светски ден без тутун“, учествуваа и Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО во земјава и Сузана Ахмети Јањиќ, раководител на секторот за инклузивен просперитет во УНДП.


 

Резултатите од направените студии за бихевиоралните и културолошки аспекти за употребата и откажување од тутунот, како и презентација на статусот со инвестициите во тутунот во земјава, покажуваат дека пушењето и употребата на тутун во нашата држава е на загрижувачки високо ниво, односно, половина од населението секојдневно консумира цигари и производи од тутун, истакна министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната презентација на студиите.


 

Министерот нагласи дека студии од овој тип за првпат се спроведуваат на национално ниво, кои служат за планирање на идните стратешки чекори, како и за подигнување на јавната свест во правец на зајакнување на националните активности за контрола на употреба на тутунот и тутунските производи. Земајќи ја предвид фактичката состојба дека употребата на тутун е меѓу главните фактори за морбидитетот и морталитетот од незаразни болести, неопходно е планирање и преземање активни мерки за намалување на консумирањето тутун и тутунски производи.




Извор: МИА

 

Пребарување

Категории

Актуелно

ХУМАНИТАРНОТО ДРУШТВО „ИВОНА ПЕШЕВСКА“ ЈА РЕАЛИЗИРА ТРАДИЦИОНАЛНАТА АКЦИЈА „ОД СЕСТРИТЕ ЗА СЕСТРИТЕ“
23.12.2025
Хуманитарното друштво има за цел да испрати јасна порака за значењето на меѓусебната поддршка, солидарноста и професионалното единство меѓу медицинските сестри.
Види детали

Тагови

Архива на вести