2021 ИСКРА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ!

Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ ви посакува среќни новогодишни и Божиќни празници. Нека овој прв ден од 2021ва година биде искра надеж за подобро здравје! 
Има мигови кои не можеме, а мора да ги издржиме. Има судбини кои не можеме да ги промениме, а мора да ги прифатиме. Има вистини кои не болат, а мора да ги живееме. 
Низ глава сешто и секој ке ви помине, а во срцето само одбраните со душа. Тоа што сме доволно силни да поднесеме се што ни се случува, не значи дека сме го заслужиле. 
Секоја Нова Година носи надеж, верба за среќа, радост и здравје. Да бидете живи и здрави, да ви се исполнат сите желби, големи и мали, да зрачите од радост без ни една трошка тага, да сочувате се што ви е драго. Само убавини и убави мисли да ве пратат.
 
сестра Гордана Бешлиовска, Претседател на Унијата и ЗМСТАС „ЗА НАС“ 
Голема почит за нашите колеги и колешки, за целиот медицински персонал, кој и оваа нова година ја дочекаа на своите работни места, во ковид центрите. Безрезервна љубов кон професијата, хуманост и искра надеж за подобро здравје! Тоа е она што нас не отсликува.
 





Подготвил:
Даниел Стојмановски
Односи со јавноста и комуникации со медиуми
info.zmsta@gmail.com

 

Пребарување

Категории

Актуелно

Македонските сестри поврзани со светот: Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството 2026
14.5.2026
На 12 мај 2026 година, во Домот на културата во Тетово, свечено и во силна атмосфера на почит, емоции и професионална гордост, беше одбележана Меѓународната недела на сестринството во Македонија преку одржување на 9-тата Свечена академија по повод 5 Мај – Светскиот ден на акушерките и 12 Мај – Интернационалниот ден на медицинските сестри.
Види детали

Тагови

Архива на вести