БИДЕТЕ ИСКРЕНИ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ, БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ Е СЕ ПОГОЛЕМ

Почитувани членови, Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ упатува поддршка и желба за поскоро опоравување на сите заболени медицински сестри и останат здравствен персонал.

Поради несовесното непридржување до препорачаните мерки за зачувување на јавното здравје ослабнува силата на медицинските лица и воочлив е се поголемиот број на заразени здравствени работници од корона вирусот.

Апелираме до сите граѓани на нашата земја да ги применуваат препораките за заштита на јавното здравје, да не се осврнуваат на теории на заговор и политички дебати, туку свесно и одговoрно да ги прифатат фактите и бројките кои укажуваат на сериозен противник.

Вирусот постои, COVID 19 можеме да го победиме само доколку сме сложни и делуваме одговорно за себе и нашата околина.


Пребарување

Категории

Актуелно

ЧЕСТИТКИ ЗА ИЗБОРОТ НА НОВОТО РАКОВОДСТВО НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА
12.11.2026
Сојузот на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри, предводен од ЗМСТАС „ЗА НАС“ – Македонија, упатува искрени честитки до проф. д-р Никола Јанкуловски за изборот за претседател на Лекарската комора, до д-р Идриз Орана за изборот за заменик-претседател, како и до новоизбраните потпретседатели д-р Биљана Петковска
Види детали

Тагови

Архива на вести