НЕ НИ ЈА КРАДЕТЕ НАСМЕВКАТА, ПРИДРЖУВАЈТЕ СЕ ДО ПРЕВЕНТИВНИТЕ МЕРКИ!

Почитувани членови, нажалост сведоци сме на ситуацијата со корона вирусот која во нашата земја е повторно алармантна! Апелирајте до вашите најблиски да се придржуваат до посочените мерки и сите заеднички да стигнеме до целта која ја посакуваме.

Драги пријатели, во природата на нас медицинските сестри ни е секогаш да сме позитивни и насмеани. Особено колегијално, меѓу нас. Работната средина понекогаш не доведува до конфлитни ситуации, но секогаш брзо надминуваме и сме насмеани и весели. Таа смеа понекогаш можеби е и многу гласна. Но, токму таа смеа значи ЖИВОТ!

Драги пријатели, Ве замолуваме не ни ја крадете насмевката, придржувајте се до мерките.

Пред нас се уште многу прослави и веселби на кои сакаме да присуствуваме и да сме сите на број.

Ве молиме не ни ја земајте насмевката. ПРИДРЖУВАЈТЕ СЕ ДО ПРЕВЕНТИВНИТЕ МЕРКИ!

Унија на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС - ЗА НАС

 





Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми

Пребарување

Категории

Актуелно

​НАЦИОНАЛНИОТ САМИТ НА ПЕТТИОТ ЈУБИЛЕЕН КОНГРЕС – УСПЕХ НА МАКЕДОНСКОТО СЕСТРИНСТВО И ИНИЦИЈАТИВА ЗА МЕЃУНАРОДЕН ДОКУМЕНТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА
14.10.2026
Почитувани ве информираме дека вчера, во Народната канцеларија на претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, ЗМСТАС „ЗА НАС“ на Македонија ја одржа петтата трибина по ред, посветена на подготовката, доработката и финализирањето на Декларацијата за безбедност при работа.
Види детали

Тагови

Архива на вести