СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ СЕ ОСНОВАТА НА СЕКОЈА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА

Почитувани членови, денес во канцеларијата на претседателот на Република Северна Македонија се одржа средба на Унијата на здруженија предводени од ЗМСТАС - ЗА НАС.

Средбата беше иницирана од страна на Извршниот одбор на Унијата, кој после сите реакции во врска со актуелната тема околу нерамномерното покачување на платите, и објавувањето за постоење на нетранспарентно официјализирана комора смета дека токму претседателот е лицето кое може да помогне во проблематиките со кои сестринството се соочува последниве години.

„Денеска се сретнав со претставници од здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија. Тие се основата на секоја здравствена установа во државата. Ме запознаа со нивните активности, како и со предизвиците со кои се соочуваат во нивната работа.“ - беше објавено на официјалната страна на претседателот.



 

Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за oдноси со јавноста и комуникација со медиуми
media@zanas.mk

Пребарување

Категории

Актуелно

ЧЕСТИТКИ ЗА ИЗБОРОТ НА НОВОТО РАКОВОДСТВО НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА
12.11.2026
Сојузот на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри, предводен од ЗМСТАС „ЗА НАС“ – Македонија, упатува искрени честитки до проф. д-р Никола Јанкуловски за изборот за претседател на Лекарската комора, до д-р Идриз Орана за изборот за заменик-претседател, како и до новоизбраните потпретседатели д-р Биљана Петковска
Види детали

Тагови

Архива на вести