КАКОВ СРАМ, КАКВА ЛАГА: „МОРА ДА СЕ ЗАЧЛЕНИТЕ ЗА 100 ДЕНАРИ“

Почитувани членови на Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри, драги колешки !

Вашите многубројни јавувања и реакции по повод состаноците на кои сте повикувани без соодветно објаснета причина и со нецелосно дефинирана цел, а на кое се бара ваше присуство, ги разгледавме, анализиравме сериозно и ги оценивме како големо непочитување на целата наша фела и професија.

Сестринската фела не заслужува вакви манипулации и неправди, особено не од наши колешки, кои задскривајќи се позади авторитетот на релевантна раководна структура, ви вршат притисоци без образложени аргументи.

Целта е очигледна, да се зачлените во т.н. комора за која најнапред не сте информирани дека постои затоа што ниту сте присуствувале на било какво основање, а уште помалку пак сте учествувале (посредно или непосредно) во изборот на токму таа структура.


Недозволиво и неприфатливо за организација од таков формат.



“Задолжителното” зачленување во комората со постапка во која покрај другото се побарува уплата од 100 денари, а без добивање на детално образложение е непрофесионално, недозволиво и неприфатливо.

Почитувани, ве информираме дека немате никаква обврска за било какво присилно зачленување.

Логично се наметнуваат прашањата кои ги поставувавте: Што ако не се зачлениме, што ќе се случи? Врз основа на кој закон сме присилени на вакво нешто? Срамни изјави кои ни ги пренесовте: „Ви бара инспекцијата...; рече Министерот...; ќе ви каже Директорот...“ според нас се само притисоци и мобинг!

Постојано ве информираме и се бориме за нашите права и проблеми. Вие сте сведоци за секој чекор кој сме го направиле и свесни сте дека треба да имаме цврста основа и структура за да може да се подигнеме од дното.

Овие начини на кои одредени индивидуи ве присилуваат, само дополнително ве збунуваат во состојба на веќе присутни проблеми кои се дел од вашето секојдневие во професијата.

Најголемиот пораз е што ударот доаѓа од нас самите!

Крајно нечесно и неколегијално е да се изнесуваат лаги и неиздржани аргументи дека вие нешто морате!

Ние драги колешки многу “моравме”, но сега не мораме ништо што не е поткрепено со вистини и факти.

Нема закон кој опишува помалку или повеќе важни здруженија. Сите сме подеднакво важни, нашите стратегии за едуцирање не може да бидат дискриминирани како што ви кажуваат: „Вие што сте во ова здружение ќе имате бесплатни едукации, а другите ќе плаќаат“.

Каков срам – каква лага!

„Морате до месец март да се вклучите во комората“ – по кој закон и по кој правилник вие морате?!

Сестринството сме сите ние и комората ја сочинуваат здруженијата, а не одредени главни сестри.


Нема да дозволиме дискриминирање на сестрите од целокупниот здравствен систем за сметка на нечии лични интереси. Затоа ќе се обратиме до сите релевантни институции, и овој начин на непочитување и омаловажување на сестринската фела ќе го искажеме пренесувајќи ги вашите реакции, кои очигледно ве вознемирија и дополнително од друг аспект го зголемија незадоволството помеѓу вас нас.

Со почит,
Извршен одбор на Унијата на здруженија

Поврзани вести

Пребарување

Категории

Актуелно

ДА БИДЕМЕ ЕДИНСТВЕНИ ВО ПРОФЕСИЈАТА: НЕ Е ВАЖНО КОГО СИ ПОБЕДИЛ, ТУКУ КОГО СИ ЗАШТИТИЛ!
25.11.2022
Универзален подарок за сите се медицинските сестри... но, се надевам дека еден ден ќе сфатиме дека не треба да сме марионети во служба на секој систем. Уморени, заборавени, само бројки броени и така цел работен век, се до пензија. Никогаш не вреднувани како што заслужуваме!
Види детали

Тагови

Архива на вести