ПРЕМИЕРА: ЕМИСИЈА ПОСВЕТЕНА НА МЕЃУНАРОДНАТА НЕДЕЛА НА СЕСТРИНСТВОТО




Секоја година во периодот од 5ти мај, Денот на акушерката па се до 12ти мај, Денот на медицинската сестра, Светската здравствена организација го одбележува постоењето на оваа хумана професија.
 
Во име на најпознатите медицински сестри Флоренс Најтингејл, Мајка Тереза, Славјанка Влахчева... под слоганот “Глас што води – Визија за здравјето во иднина“ и оваа година, по петти пат, Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ се впишува во историјата придонесувајќи да се чуе гласот на сестринската професија и во нашата земја.
 
Поради запазување на превентивните мерки во борбата против пандемијата предизвикана од корона вирусот извршниот одбор одлучи традиционалната свечена академија да ја преформулира во емисија посветена на сестринството.
 
Разговорот го водиме со неколку претставници на оваа хумана професија. Ќе се обидеме да ги изнесеме проблематиките со кои се соочуваат медицинските сестри, да ги прикажеме решенијата кои Унијата ги нуди, но и да поттикнеме општонародна поддршка за гласот што води кон подобра иднина за здравјето.
 
Во текот на емисијата ќе биде промовирана и Сестринската заклетва која би требала да претставува своевиден синоним за оданоста и пожртвуваноста на медицинската сестра.


Емисијата премиерно ќе се прикаже на 12ти мај (среда) во 12 часот.
 
Реализацијата на емисијата е овозможена со поддршка од LADNA.​
(https://www.youtube.com/user/Magronidoo​)
 
Автор / Мултимедијална реализација:
Даниел Стојмановски
 
Главен камерман:
Дарко Јовановски
 
Претседател на Унијата на здруженија
предводена од ЗМСТАС – ЗА НАС
Гордана Бешлиовска
 
Членови на Унијата:
ЗМСТАС – ЗА НАС (Гордана Бешлиовска)
ЗМСТА – Славјанка Влахчева (Ирена Нечовска)
ЗМСТЛА - Тетово (Наџије Фетаи)
ЗМСТАЛА - Гостивар (Џеват Салија)
ЗМСТА – Гостивар (Ивица Билбиловски)
СМТЛ - Тетово (Тони Јакимовски)
 
Извршен одбор на ЗМСТАС – ЗА НАС:
Гордана Бешлиовска
Јулијана Маџовска
Данка Димитровска
Ленче Донева
Благородна Мартиновска Ѓорѓиева
Илија Милошевски
 
Односи со јавност и комуникација со медиуми:
Даниел Стојмановски
 
Администрација и комуникација со членството:
Елена Кавракова
 
#НеделаНаСестринствотоЗаНас​
https://www.facebook.com/zanas.mk​
http://www.zanas.mk/

 

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА ПРВИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА ОФТАЛМОЛОШКИ СЕСТРИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“
12.4.2024
Почитувани вчера се одржа првиот симпозиум на Друштвото на офталмолошки сестри при ЗМСТАС „ЗА НАС“ на тема „Нови перспективи во офталмологијата“. Настанот се одржа во Скопје, хотел „Континентал“ во присуство на голем број медицински сестри и техничари, соработници и добронамерници.
Види детали

Тагови

Архива на вести