БИДИ ДОНАТОР - ДАРИ ЗРАК НАДЕЖ!

Во овој долг период на неуморна борба против пандмијата предизвикана од корона вирусот хуманоста на медицинските сестри нема граници. Христина Гулеска, медицинска сестра во ПЗУ Медика Д-р Пецко Десоски од Прилеп е токму една од нив, која после директното соочување со вирусот повторно безрезевно се дава за своите пациенти:

„Огромно е чувството на задоволство и исполнетост кога знаеш дека од многуте пациенти кои се соочиле со оваа болест, ти си еден од нив кои ги  исполнуваш сите критериуми да бидеш донатор и да внесеш зрак надеж.

Од срце апелирам до сите  пациенти кои биле во контакт со вирусот да се пријават за тестирање и да го доживеат мигот на возвишеност, знаејќи дека нивната плазма ќе помогне на некој да продолжи да му се радува на животот. 

Да имаш влијание на умот, душата, срцето и телото, да не бидеш запомнет по ИМЕ туку по ДЕЛА значи да бидеш МЕДИЦИНСКА СЕСТРА.“



Унијата ги поттикнува сите хумани луѓе без оглед на професионалната ориентација да го следат овој храбар пример и притоа да придонесат за лекувањето на болните од корона вирусот.

Воедно ве потсетуваме дека во тек е и кампањата за поддршка на медицинските сестри кои се борат против пандемијата. Сите информации околу кампањата може да ги проследите тука.

Пребарување

Категории

Актуелно

ЧЕСТИТКИ ЗА ИЗБОРОТ НА НОВОТО РАКОВОДСТВО НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА
12.11.2026
Сојузот на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри, предводен од ЗМСТАС „ЗА НАС“ – Македонија, упатува искрени честитки до проф. д-р Никола Јанкуловски за изборот за претседател на Лекарската комора, до д-р Идриз Орана за изборот за заменик-претседател, како и до новоизбраните потпретседатели д-р Биљана Петковска
Види детали

Тагови

Архива на вести