ГОСТИВАР: ПРИСТИГНАА ДОНАЦИИ И ЗА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ВО ЈЗУ ОБ „ФЕРИД МУРАД“

Почитувани членови, Ве известуваме дека по стартувањето на кампањата за помош на медицинските сестри во борбата против пандемијата со корона вирусот, компанијата „МАГРОНИ“ продолжува со активностите ширум нашата земја.

Денеска е пристигната и донацијата за медицинските сестри во ЈЗУ ОБ „Ферид Мурад“ - Гостивар со производи од нивниот асортиман.



„Уште еднаш искажуваме голема благодарност до сите компании кои се и кои ќе бидат дел од нашата кампања. Акцијата на Унијата на ЗМСТАС се покажа како одличен потег и се надеваме дека донациите навистина ќе ни помогнат на сите, бидејќи грижата за јавното здравје е одговорност на сите и секој допринос е добредојден.“ - изјави мед.техн. Џеват Салија, претседател на ЗМСТА Албанци од Гостивар и член на Унијата.

 

Пребарување

Категории

Актуелно

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА УНИЈАТА НА ЗМСТАС ПРЕДВОДЕНА ОД ЗМСТАС „ЗА НАС“ ВО ЦРКОВНАТА НАРОДНА КУЈНА
29.12.2025
Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки и стоматолошки сестри предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, заедно со своето Хуманитарно друштво „Ивона Пешевска“, реализираше хуманитарна акција во црковната народна кујна, во соработка со Хуманитарната организација „Свети Спас“.
Види детали

Тагови

Архива на вести