Прв симпозиум на Друштвото на медицински сестри од психијатрија при ЗМСТАС „За Нас“

Почитувани, Друштвото на медицински сестри од психијатрија при ЗМСТАС „ЗА НАС“ има чест да Ве покани на Првиот симпозиум на Друштвото на медицински сестри од психијатрија при ЗМСТАС „За Нас“ на тема: „Современ пристап во грижата и лекувањето на пациентите од областа на психијатријата“.

Симпозиумот ќе се одржи на 28 ноември 2025 година, во Конференциската сала на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ - Скопје со почеток од 14:00 часот.

 

ПРОГРАМА

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА СИМПОЗИУМОТ
Проф. Д-р Димитар Боневски | м-р Гордана Бешлиовска | ДМС Флурие Ибраими

ПРОМОЦИЈА НА ДРУШТВОТО НА МЕД. СЕСТРИ ОД ПСИХИЈАТРИЈА


ПРЕДАВАЧИ И ТЕМИ

Модератори: ДМС Флурие Ибраими, ДМС Oлгица Андовска, ДМС Рената Ајети

Д-р Бехије Нухиу
„Менаџмент на хиперпролактинемија предизвикана од антипсихотици“
ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ - Скопје


Д.М.С. Флурие Ибраими
„Депресија“
ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ - Скопје


Д.М.С. Ардита Османи
„Улогата на психијатриската медицинска сестра во третманот и рехабилитацијата
на лицата со ментални нарушувања во рамките на центрите за ментално здравје“
ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ - Скопје


Општинско средно медицинско училиште „Никола Штејн“ – Тетово
„Нега на пациентите во психијатријата“

Спец. МС Аријета Муца Мустафа
„Наркоманија“
СУГС „Цветан Димов“ - Скопје


М-р Гордана Бешлиовска
„Синдром на согорување“ (Burnout syndrome)

КОКТЕЛ

Конференсие: м-р Каролина Петковска

 

Вашето присуство ќе придонесе кон унапредување на професионалната соработка, размена на современи практики и зајакнување на улогата на психијатриската нега во здравствениот систем.

Пребарување

Категории

Актуелно

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА УНИЈАТА НА ЗМСТАС ПРЕДВОДЕНА ОД ЗМСТАС „ЗА НАС“ ВО ЦРКОВНАТА НАРОДНА КУЈНА
29.12.2025
Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки и стоматолошки сестри предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, заедно со своето Хуманитарно друштво „Ивона Пешевска“, реализираше хуманитарна акција во црковната народна кујна, во соработка со Хуманитарната организација „Свети Спас“.
Види детали

Тагови

Архива на вести