ЗМСТАС „ЗА НАС“ со успешно учество на 3. Национален конгрес на здравствени работници во Лозница

Од 3 до 6 септември 2026 година, во Здравствениот центар Лозница се одржа 3. Национален конгрес на здравствени работници со меѓународно учество, кој собра голем број здравствени работници и стручњаци од целиот регион.



Унијата ЗМСТАС „ЗА НАС“ зеде активно учество во конгресот преку презентација на стручни теми, четири постер-презентации и учество во панел-дискусија.



Во рамките на богатата стручна програма, м-р Гордана Бешлиовска одржа предавање на тема: „Развојот на образованието и специјалистичките студии во Македонија“.







Ваквите средби претставуваат одлична можност за размена на знаења и искуства, поврзување на стручњаците и зајакнување на позицијата на сестринството во здравствените тимови.

Заедно со м-р Гордана Бешлиовска, медицинскиот техничар Стефан Митовски од УК „Свети Наум Охридски“ учествуваше како панелист во дискусијата, рамо до рамо со колешки и колеги од Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија.

 

По посебна истакнатост се одбележа и учеството на колегите од Жан Митрев Клиника, ОБ Тетово, ГОБ „8-ми Септември“, ОБ Струга, како и ЗДОМ Ресен и Скопје, кои успешно претставија четири постер-презентации.


 

Им честитаме на организаторите за успешно реализираниот конгрес и упатуваме благодарност за можноста за учество, стручна размена и достојно претставување на Унијата ЗМСТАС „ЗА НАС“.

Пребарување

Категории

Актуелно

ℹ️ ИНФОРМАЦИИ ЗА КОТИЗАЦИЈА И СМЕСТУВАЊЕ ЗА ПЕТТИОТ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ПРВИОТ САМИТ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ СЕСТРИНСКИ ЗДРУЖЕНИЈА, АСОЦИЈАЦИИ И ФЕДЕРАЦИИ
03.7.2026
Придружете ни се на V Меѓународен конгрес на медицинските сестри и Првиот меѓународен Самит на меѓународните сестрински здруженија, асоцијации и федерации, кои ќе се одржат од 2 до 4 октомври 2026 година во хотел „Дрим“ – Струга.
Види детали

Тагови

Архива на вести