УНИЈАТА НА ЗМСТАС АКТИВНО УЧЕСТВУВАШЕ НА РАБОТИЛНИЦА ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

Унијата на ЗМСТАС, предводена од ЗМСТАС „За Нас“, учествуваше на стручната едукативна работилница посветена на „Менталното здравје на здравствените работници“. Настанот беше дел од тековните активности на Унијата за поддршка и унапредување на здравствениот кадар.

Претседателката м-р Гордана Бешлиовска изјави дека менталното здравје на здравствените работници е чувствителна, но клучна тема која бара континуирано внимание. Таа нагласува дека секојдневниот притисок, стресот и професионалните предизвици ја истакнуваат потребата од системска психолошка поддршка, која е основа за квалитетна здравствена грижа.

Бешлиовска додава дека ѝ претставува чест што може да ги сподели своите стручни сознанија и искуства, истакнувајќи дека Унијата постојано работи на создавање средина во која здравствените работници ќе се чувствуваат ценети и заштитени. Таа упатува искрена благодарност и поздрав до директорот на Болницата Сашо Стошевски, главниот медицински техничар Владимир Симоновски и координаторката за Куманово, Бети Гареска, за нивната поддршка и посветеност во реализацијата на настанот, како и до сите присутни здравствени работници чиј голем одзив ја потврдува важноста на оваа тема.

Унијата на ЗМСТАС продолжува активно да работи на подигнување на стандардите и подобрување на условите во здравството.

 

Пребарување

Категории

Актуелно

МАКЕДОНСКОТО СЕСТРИНСТВО ДЕЛ ОД MЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС НА UINARS ВО НИШ, СРБИЈА
26.10.2026
Почитувани, во периодот од 23 до 25 октомври 2026 година, во Ниш, Република Србија, се одржа Меѓународниот конгрес на UINARS – Здружението на медицински сестри-техничари за интензивна нега, анестезија и реанимација на Србија.
Види детали

Тагови

Архива на вести