УНИЈАТА НА ЗМСТАС ПРЕДВОДЕНА ОД ЗМСТАС „ЗА НАС“ СО СИЛНА ПОДДРШКА НА НАЦИОНАЛНАТА ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ДИЈАБЕТЕСОТ НА РАБОТНОТО МЕСТО

Вчера, во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, беше успешно реализирана тркалезната маса на тема „Дијабетесот на работното место – предизвици и можности за здраво и продуктивно работење“, настан кој ја обедини стручната јавност, релевантните институции и граѓанските организации со цел подобрување на условите и поддршката за лицата со дијабетес.



Меѓу говорниците се вброија истакнати имиња од медицинската заедница и институциите, меѓу кои проф. д-р Татјана Миленковиќ, претседател на Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, д-р Ирфан Ахмети, директор на Универзитетската клиника за ендокринологија и претседател на Националната комисија за дијабетес, д-р. сци. Олга Лозановска, дијабетолог и пратеник во Собранието на Република Македонија, како и г-дин Димче Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.

Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „За Нас“, предводена од м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата и на здружението, ја истакна својата силна и принципиелна поддршка за подобрување на условите на работното место за лицата со дијабет, нагласувајќи ја важноста од пристап до современи медицински помагала, сензори за лицата со дијабет тип 1, како и неопходноста од унапредување на системските решенија кои го олеснуваат секојдневниот живот и работните обврски на оваа категорија граѓани.

Настанот помина во конструктивна и продуктивна атмосфера, при што беа отворени повеќе клучни предизвици – од прашањето за референтни цени на лекови и помагала, до потребата од пообемни истражувања за условите во кои работат лицата со дијабет и пречките со кои се соочуваат.

Во рамките на дискусиите се дефинираа конкретни насоки за понатамошно дејствување, кои вклучуваат иницирање партнерска соработка со јавните здравствени институции и продлабочување на координацијата со националните здравствени власти, со цел создавање поефективни политики и решенија. Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „За Нас“ останува цврсто посветена на својата мисија – континуирано да придонесува за достоинствен, здрав и продуктивен работен амбиент за сите лица со дијабетес во Македонија.



Пребарување

Категории

Актуелно

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА УНИЈАТА НА ЗМСТАС ПРЕДВОДЕНА ОД ЗМСТАС „ЗА НАС“ ВО ЦРКОВНАТА НАРОДНА КУЈНА
29.12.2025
Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки и стоматолошки сестри предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, заедно со своето Хуманитарно друштво „Ивона Пешевска“, реализираше хуманитарна акција во црковната народна кујна, во соработка со Хуманитарната организација „Свети Спас“.
Види детали

Тагови

Архива на вести