Успешна едукативна работилница: „Дигитално здравство за медицинските сестри“

Во организација на ЗМСТАС „ЗА НАС“ и во соработка со младите специјализанти, беше одржана успешна едукативна работилница на тема „Дигитално здравство за медицинските сестри – Користење на технологијата за подобра едукација на пациентите“, во големиот амфитеатар на Универзитетот во Тетово.

Целите на работилницата беа насочени кон: Запознавање со дигиталното здравство и неговата улога во современата медицина; Учество во разликување на веродостојни од неточни здравствени информации; Подобрување на способноста за интегрирање дигитални алатки во едукацијата на пациентите.

„Во времето кое е наше, професијата и достоинството се бранат со едукација!“

Голема благодарност до сестринството кое активно учествуваше со ентузијазам и посветеност. Унијата предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ продолжува со посветеност кон развојот и едукацијата на медицинските сестри.





Пребарување

Категории

Актуелно

МАКЕДОНСКОТО СЕСТРИНСТВО ДЕЛ ОД MЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС НА UINARS ВО НИШ, СРБИЈА
26.10.2026
Почитувани, во периодот од 23 до 25 октомври 2026 година, во Ниш, Република Србија, се одржа Меѓународниот конгрес на UINARS – Здружението на медицински сестри-техничари за интензивна нега, анестезија и реанимација на Србија.
Види детали

Тагови

Архива на вести