Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „За Нас“ на 27-та синдикална школа со јасна порака за достоинство и колективно уредување

Во рамките на 27-та синдикална школа, Унијата на Здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС), предводена од ЗМСТАС „За Нас“, беше дел од овој значаен собир на кој беше истакната улогата и важноста на сестринството како повик и професија од суштинско значење за здравствениот систем.

М-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата и на ЗМСТАС „За Нас“, во својата изјава нагласи дека сестринството мора да се препознае како стратешка професија со јасно дефинирани услови за работа, кариерен развој и достоинствено вреднување. Таа изрази благодарност до Министерството за здравство за чекорите кон подобрување на состојбата, но потенцира дека е неопходно понатамошно, системско уредување преку колективни договори.

„Задоволни медицински сестри значат и задоволни пациенти. Нашата борба не запира тука – ќе продолжиме со барањата за колективно уредување и создавање здрава работна средина во која сестрите ќе бидат препознаени, вреднувани и праведно платени според својата одговорност,“ истакна Бешлиовска.

Настанот ја потврди заложбата на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „За Нас“ да продолжат со активно застапување на правата на медицинските сестри и унапредување на професионалниот статус на сите здравствени работници.

Пребарување

Категории

Актуелно

ВО СТРУГА СВЕЧЕНО ОТВОРЕН V ЈУБИЛЕЕН МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ
05.10.2026
Со свечена церемонија во Големата конгресна сала „Славјанка Влахчева“ во Струга беше отворен V Јубилеен меѓународен конгрес на медицинските сестри „Грижа за оние кои се грижат за сите“, кој годинава има посебно значење бидејќи, покрај јубилејното издание, во негови рамки се одржува и I Национален самит на меѓународни и европски федерации, асоцијаци
Види детали

Тагови

Архива на вести