ОХРИДСКА ДЕКЛАРАЦИЈА: Темел на модерно и европско сестринство

На 4 октомври 2025 година, во Струга, во рамки на Регионалната ESNO конференција, беше усвоен документ што ќе остане запишан како историски момент за сестринството во нашата земјаОХРИДСКАТА ДЕКЛАРАЦИЈА.

Оваа декларација ја потврдува непроценливата улога на медицинските сестри во здравјето и благосостојбата на поединците, семејствата и заедниците, и поставува јасна визија за иднината на професијата – силна, регулирана и признаена!



Декларацијата повикува на:

  • Воспоставување сеопфатна законска и регулаторна рамка што ќе го признае сестринството како автономна и стручна професија;

  • Јасно дефинирање и заштита на сестринските улоги и стандарди на работа, во согласност со европските директиви;

  • Создавање патишта за специјализација, професионален развој и лидерство, како и активно вклучување на сестрите во процесите на одлучување на сите нивоа во здравствениот систем.

Со оваа декларација, Северна Македонија го прави првиот голем чекор кон модерно, европско сестринство, што ќе биде темел на праведна, ефикасна и одржлива здравствена заштита.

Време е за признавање, регулација и инвестирање во иднината на сестринството.
Ова не е само декларација – ова е движење, визија и ветување за иднината на здравството во нашата земја.

Галерија

Пребарување

Категории

Актуелно

Македонските сестри поврзани со светот: Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството 2026
14.5.2026
На 12 мај 2026 година, во Домот на културата во Тетово, свечено и во силна атмосфера на почит, емоции и професионална гордост, беше одбележана Меѓународната недела на сестринството во Македонија преку одржување на 9-тата Свечена академија по повод 5 Мај – Светскиот ден на акушерките и 12 Мај – Интернационалниот ден на медицинските сестри.
Види детали

Тагови

Архива на вести