УСПЕШНО ОДРЖАНА ВТОРАТА РАБОТИЛНИЦА ЗА ЕДУКАЦИЈА НА ПАЦИЕНТИ, ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗМСТАС „ЗА НАС“ И ЗЛС

Денес, 16 октомври 2025 година, во просториите на НетаВил, се одржа втората едукативна работилница на тема „Ефективна едукација на пациенти – Комуникација за подобро здравје“, во организација на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – ЗМСТАС „За нас“, во соработка со Здружението на лекари специјализанти – Скопје.

Настанот беше насочен кон унапредување на комуникациските и едукативните вештини кај медицинските сестри и здравствените работници, со цел подобра и поефективна комуникација со пациентите.

Особено внимание привлече предавањето на м-р Гордана Бешлиовска, која со своето искуство и експертиза преку предавање ја истакна важноста од разбирлива и емпатична комуникација во секојдневната медицинска практика. Таа ги претстави најчестите предизвици во комуникацијата меѓу здравствените работници и пациентите, како и конкретни техники за проверка на разбраноста на информациите и пристап кон различни групи пациенти, вклучувајќи постари лица и пациенти со ниска писменост.

Присутните учесници активно се вклучија во дискусиите и практичните примери, споделувајќи лични искуства и предлози за подобрување на пристапот кон пациентите.



Работилницата се реализираше во рамките на Еразмус+ проектот „Velvet Health“, со поддршка од Европската комисија, кој има за цел промовирање на иновативни пристапи во едукацијата и грижата за пациентите.

Со овој настан, ЗМСТАС „За нас“ уште еднаш ја потврди својата посветеност кон континуираниот професионален развој на медицинските сестри и унапредување на здравствената комуникација во земјата.

Пребарување

Категории

Актуелно

Прв симпозиум на Друштвото на медицински сестри од психијатрија при ЗМСТАС „За Нас“
25.11.2025
Почитувани, Друштвото на медицински сестри од психијатрија при ЗМСТАС „ЗА НАС“ има чест да Ве покани на Првиот симпозиум на Друштвото на медицински сестри од психијатрија при ЗМСТАС „За Нас“ на тема: „Современ пристап во грижата и лекувањето на пациентите од областа на психијатријата“.
Види детали

Тагови

Архива на вести