МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И НОВИ ВИДИЦИ – ЗМСТАС „ЗА НАС“ НА КОНГРЕСОТ PULS ВО БИХ

Почитувани членови,

Ве известуваме дека нашето здружение „ЗМСТАС ЗА НАС“ присуствуваше на Конгресот на здружението PULS кој се одржа во Босна и Херцеговина. Настанот беше збогатен со богата програма и собра голем број еминентни стручњаци од регионот и Европа, посветени на унапредувањето на сестринската професија, мултидисциплинарниот пристап кон пациентите и претставувањето на современите достигнувања во областа на анестезиологијата, интензивната и палијативната нега.

Особено значаен дел од Конгресот беше панел-дискусијата на тема:
„Положбата на медицинските сестри во светло на напредокот на образованието – Образованието како двигател на промените“, модерирана од доц. д-р. сц. Адриано Фригановиќ, претседател на HDMSARIST и ESNO (European Specialist Nurses Organisations).

Панелисти беа: д-р. сц. Сенада Џебо, Зорица Кардош, Елизабета Настевска, Гордана Драгoшев, Љиљана Стијеповиќ и Марина Ахметбеговиќ. Панелот овозможи прикажување на актуелната состојба и дискусија за потребите и насоките за идни промени во сестринската професија.

Конгресната програма вклучи и предавања, работилници и постер-презентации од областа на интензивната нега, ургентните состојби, палijативната медицина, етичките аспекти на трансплантацијата, безбедноста на пациентите, како и предизвиците со кои се соочуваат медицинските сестри во современото здравство.

Присуството на нашиот тим на овој значаен настан овозможи остварување на нови контакти, размена на искуства и стекнување на вредни знаења, кои ќе придонесат кон професионалниот развој на нашите членови и унапредување на работата на здружението.

Изразуваме искрена благодарност за прекрасната организација и гостопримството од страна на здружението PULS и за пријатната атмосфера создадена од сите учесници.







Пребарување

Категории

Актуелно

МАКЕДОНСКОТО СЕСТРИНСТВО ДЕЛ ОД MЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС НА UINARS ВО НИШ, СРБИЈА
26.10.2026
Почитувани, во периодот од 23 до 25 октомври 2026 година, во Ниш, Република Србија, се одржа Меѓународниот конгрес на UINARS – Здружението на медицински сестри-техничари за интензивна нега, анестезија и реанимација на Србија.
Види детали

Тагови

Архива на вести