ПОСЕТА НА ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРОТ АНДОВСКИ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО ЗМСТАС „ЗА НАС“

Почитувани членови,

Ве известуваме дека вчера, во просториите на Здружението „ЗМСТАС ЗА НАС“, имавме особена чест да го пречекаме заменик-министерот за здравство, г-дин Јовица Андовски.

За време на средбата, г-динот Андовски беше запознаен со активностите кои здружението ги реализира во континуитет, со нашите досегашни постигнувања, како и со плановите што ги подготвуваме за претстојниот Конгрес. Тој ја изрази својата поддршка и признание за вложениот труд, нагласувајќи ја важноста на ваквите иницијативи за унапредување на професијата и за јакнење на професионалните капацитети.

Посетата ја сметаме за особено значајна, бидејќи претставува потврда за институционалната соработка и поддршка што ја добиваме од Министерството за здравство. Истовремено, оваа средба ни претставува мотив и охрабрување да продолжиме со посветена работа на остварување на нашите цели, подигање на професионалните стандарди и застапување на интересите на нашите членови.

Убедени сме дека заедничките напори и соработката со релевантните институции ќе придонесат за создавање подобри услови за професионален развој, како и за унапредување на здравствениот систем во целина.

Пребарување

Категории

Актуелно

МАКЕДОНСКОТО СЕСТРИНСТВО ДЕЛ ОД MЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС НА UINARS ВО НИШ, СРБИЈА
26.10.2026
Почитувани, во периодот од 23 до 25 октомври 2026 година, во Ниш, Република Србија, се одржа Меѓународниот конгрес на UINARS – Здружението на медицински сестри-техничари за интензивна нега, анестезија и реанимација на Србија.
Види детали

Тагови

Архива на вести