ЗМСТАС „ЗА НАС“ УЧЕСТВУВАШЕ НА 18-ТИОТ КОНГРЕС ВО НИШ

ЗМСТАС „ЗА НАС“ имаше чест и задоволство да биде дел од 18-от Конгрес на Здружението на медицински сестри и техничари од интензивна нега, анестезија и реанимација – „UINARS“, кој се одржа во Клиничкиот центар – Ниш, Србија.

Овој значаен настан претставува платформа за размена на искуства, унапредување на знаењата и зајакнување на сестринската професија во регионот.

На нашите домаќини – Гордана Драгошев и нејзиниот извонреден тим, како и на сестринството и колегите од Србија, им упатуваме срдна благодарност за соработката, гостопримството и укажаната чест.

Ваквите средби се потсетник дека сестринството нема граници – нè поврзува љубовта кон професијата, посветеноста кон пациентите и заедничката мисија за похумана и поквалитетна здравствена грижа.



Пребарување

Категории

Актуелно

МАКЕДОНСКОТО СЕСТРИНСТВО ДЕЛ ОД MЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС НА UINARS ВО НИШ, СРБИЈА
26.10.2026
Почитувани, во периодот од 23 до 25 октомври 2026 година, во Ниш, Република Србија, се одржа Меѓународниот конгрес на UINARS – Здружението на медицински сестри-техничари за интензивна нега, анестезија и реанимација на Србија.
Види детали

Тагови

Архива на вести