ЗМСТАС „ЗА НАС“ ДОБИТНИК НА ЈУБИЛЕЈНА ПЛАКЕТА ОД ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Во рамки на големиот јубилеј – 80 години од постоењето на Црвен крст на град Скопје, беше одбележан значаен настан на кој беа доделени Јубилејни плакети и награди „Оскар на хуманоста“ за организации и институции што дале посебен придонес во остварувањето на хуманитарните цели и задачи на Црвениот крст.

Со огромна чест и радост, известуваме дека Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – ЗМСТАС „ЗА НАС“ е меѓу добитниците на ова значајно признание.

Оваа Јубилејна плакета е симбол на признание за хуманоста, професионалноста и посветеноста на медицинските сестри и сестринството воопшто. Таа е доказ дека нашата работа, нашите вредности и нашата мисија се препознаени и ценети во општеството.
 


„Колку е гордо и боженствено кога на медицинските сестри им се признава хуманоста во професијата. Колку е убаво кога можеш во тоа име да се заблагодариш! За сестринството! ЗА НАС!“ – изјави м-р Гордана Бешлиовска, претседател на ЗМСТАС „ЗА НАС“, при примањето на наградата.

Ова признание не е само поттик, туку и обврска да продолжиме да ги зацврстуваме мостовите на соработка, да дејствуваме со уште поголема енергија и да даруваме љубов, надеж и помош на сите на кои им е потребна.

Од името на сите членови, упатуваме искрена благодарност до Црвениот крст на град Скопје за доделената плакета и за долготрајната соработка во градењето похумано и посолидарно општество.

ЗМСТАС „ЗА НАС“ – гласот на сестринството!







Пребарување

Категории

Актуелно

МАКЕДОНСКОТО СЕСТРИНСТВО ДЕЛ ОД MЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС НА UINARS ВО НИШ, СРБИЈА
26.10.2026
Почитувани, во периодот од 23 до 25 октомври 2026 година, во Ниш, Република Србија, се одржа Меѓународниот конгрес на UINARS – Здружението на медицински сестри-техничари за интензивна нега, анестезија и реанимација на Србија.
Види детали

Тагови

Архива на вести