КРИТИЧЕН НЕДОСТИГ ОД МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО: Апелираме до надлежните институции да преземат итни мерки за вработување на нови кадри

Состојбата во македонскиот здравствен систем станува сè поалармантна поради сериозниот недостиг на медицински сестри. Според најновите анализи на Унијата на здруженија предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, во јавните здравствени установи низ државата недостигаат околу 6.000 медицински сестри.

Иако во моментот е активен оглас за вработување на 240 медицински сестри, од здружението појаснуваат дека станува збор за трансформација на веќе ангажирани лица преку договор на дело во редовен работен однос. Тоа значи дека оваа мерка не претставува реално зголемување на бројот на вработени, туку само формализирање на постојниот кадар – со што дефицитот останува ист.
 

Претседателката на Унијата, м-р Гордана Бешлиовска, посочува дека постојат јасни систематизации во здравствените установи кои прецизно определуваат колку медицински сестри се потребни според бројот на лекари, пациенти и капацитетот на болниците. Според овие анализи, најизразен е недостигот на медицински сестри во стационарните установи каде што се сместени лежечките пациенти, како и во специјалистичко-дијагностичките одделенија кои бараат дополнителна стручна обука.
 

„Особено во летниот период, кога дел од персоналот користи годишни одмори, болниците се принудени да затвораат или спојуваат одделенија за да обезбедат доволен број на сестри во смена. Ова не само што не го решава проблемот, туку дополнително го влошува, бидејќи води до преголем притисок врз постојниот кадар и создава услови за појава на синдром на прегорување кај медицинските сестри“, предупредува Бешлиовска.


Апелираме до надлежните институции да преземат итни мерки за вработување на нови кадри, бидејќи здравствениот систем не може долгорочно да функционира со ваков недостиг.

Пребарување

Категории

Актуелно

Македонските сестри поврзани со светот: Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството 2026
14.5.2026
На 12 мај 2026 година, во Домот на културата во Тетово, свечено и во силна атмосфера на почит, емоции и професионална гордост, беше одбележана Меѓународната недела на сестринството во Македонија преку одржување на 9-тата Свечена академија по повод 5 Мај – Светскиот ден на акушерките и 12 Мај – Интернационалниот ден на медицинските сестри.
Види детали

Тагови

Архива на вести