ЗАПОЧНУВА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ КАРАВАН НА ХУМАНИТАРНОТО ДРУШТВО „ИВОНА ПЕШЕВСКА“ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“

Хуманитарното друштво „Ивона Пешевска“ при ЗМСТАС „ЗА НАС“ традиционално и оваа година продолжува со својата хуманитарна мисија.



Минатата година со слоганот „Сестрите за сестрите“ нашето здружение ги посети медицинските сестри во патронажните пунктови каде и преку разговор размени искуства во однос на тековните активности, потреби и услови во кои работат, организираше донациски базари и собираше средства за оние на кои во тој момент им беше најпотребно.

„Овој пат одлуката е да се посетат медицинските сестри од брзата помош низ целата земја, бидејќи се соочуваат со голем број на проблеми, особено во делот на организација на сменската работа по однос на правилниците по кои работат. Здружението сака да подаде рака за да се слушнат и нивните потреби, да поделат предновогодишни подароци и да ја пренесе главната порака дека е важно да бидеме секогаш едни до други и сплотени.“ – вели сестра Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“.


Од оваа година, хуманитарното друштво го носи името на прерано починатата сестра ИВОНА ПЕШЕВСКА, која благодарение на семејството се вбројува во малкуте кои преку чинот на органодарителство овозможи да се спасат многу животи.



Во продолжение може да го погледнете краткото видео од промоцијата на хуманитарното друштво, кое се случи на овогодинешниот втор симпозиум на сестрите инструментарки:



Координативните тела на сите пунктови ширум нашата земја се веќе известени за нашите посети и со нетрпение очекуваме да се сретнеме повторно и да размениме искуства. За овој наш хуманитарен караван секако редовно ќе ве известуваме и вас читателите.

Пребарување

Категории

Актуелно

Македонските сестри поврзани со светот: Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството 2026
14.5.2026
На 12 мај 2026 година, во Домот на културата во Тетово, свечено и во силна атмосфера на почит, емоции и професионална гордост, беше одбележана Меѓународната недела на сестринството во Македонија преку одржување на 9-тата Свечена академија по повод 5 Мај – Светскиот ден на акушерките и 12 Мај – Интернационалниот ден на медицинските сестри.
Види детали

Тагови

Архива на вести