ЗМСТАС „ЗА НАС“ ДЕЛ ОД РАБОТИЛНИЦАТА НА СЗО: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПОЛОЖБАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ ПРИ ИТНИ ЗДРАВСТВЕНИ СЛУЧАИ

Пандемијата на Ковид-19 покажа дека заедниците и граѓанскиот сектор, заедно со здравствените работници се во срцето на ефективните и ефикасни одговори во случај на итни здравствени состојби. Вклучувањето на заедниците, градењето доверба и овозможувањето тие да учествуваат во одлуките што ги засегаат нивните животи се клучни за подготвеноста, одговорот и опоравувањето од кризата.

За да се зајакнат овие напори, СЗО одржа дводневна работилница на тема Комуникација на ризици, со вклучување на заедниците и управување со инфодемија (RCCE-IM), на 2 и 3 декември 2024 во Скопје.

Овој настан ги обедини здравствените работници, граѓанските организации, невладините организации и меѓународните партнери во споделувањето искуства, дискусии за предизвиците и идентификување конкретни чекори за подобрување на одговорите во случај на идни итни здравствени состојби на локално ниво.



Работилницата вклучуваше интерактивни сесии каде што учесниците  учеа за алатките и техниките на #СЗО за вклучување на заедниците, справување со колебливоста за вакцинација, промовирање на имунизацијата и други форми на подготвеност за време на здравствени и други кризи. Дискусиите ги продлабочија научените лекции од пандемијата со Ковид-19 и ја утврдија улогата на маргинализираните заедници во итни здравствени состојби.

Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Центрите за јавно здравје, претставниците на граѓанскиот сектор, Црвениот крст и професионалните здруженија, меѓу кои и Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, претставена од нашиот претседател, м-р Гордана Бешлиовска, и нашите членови медицинските сестри Емилија Наумовска, Наташа Павловска и Силвана Блажевска, кои ги споделија своите гледишта за успесите, начините на работа и предизвиците со кои се соочуваат во текот на активностите за вклучување на заедниците во нивната работа.

 



„Оваа работилница, финансиски поддржана од Европската унија, е многу повеќе од обичен состанок – таа е можност за градење врски, зајакнување на партнерствата и создавање посилна основа за здравствено управување фокусирано на заедниците.
Со здружени сили, не само што можеме да го подобриме опфатот на вакцинацијата, туку и да обезбедиме соодветна подготвеност на заедниците да се соочат со идните здравствени и други итни случаи.“ – посочија од Светската Здравствена Организација.

Пребарување

Категории

Актуелно

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА УНИЈАТА НА ЗМСТАС ПРЕДВОДЕНА ОД ЗМСТАС „ЗА НАС“ ВО ЦРКОВНАТА НАРОДНА КУЈНА
29.12.2025
Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки и стоматолошки сестри предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, заедно со своето Хуманитарно друштво „Ивона Пешевска“, реализираше хуманитарна акција во црковната народна кујна, во соработка со Хуманитарната организација „Свети Спас“.
Види детали

Тагови

Архива на вести