ПРЕДЛОЗИТЕ ЗА ЗАКОН И КОМОРА КОНЕЧНО ВО СТРАТЕШКИТЕ ПРЕДИЗБОРНИ ПРОГРАМИ: СОСТАНОК СО КОМИСИЈАТА ЗА ЗДРАВСТВО НА ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани членови, Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“, изминативе години низ своите стратегии и цели, со сите активности не придвижува кон модерната сестринска професија. Сите наши досегашни апели биле стручни, едукативни и просиндикални, со единствена цел: да ја добиеме својата автономија преку закон, кој пак треба да ни ја донесе и комората.
 
Од 2017та година, со актот на формирање на Здружението, нашите заложби јавно беа изнесувани и афирмирани со бројните активности, за кои секогаш добивавме пофалби од  Балканските и Европските Асоцијации, но не и од  најголемиот број на министрите за здравство.

Во меѓувреме бевме сведоци на популистички реторики и премолчување на проблемите кои се заменуваа со уште поголеми, како пандемијата и слично. 
 
За прв пат по толку години гледаме светлина на патот и решителност кај исклучително подготвени луѓе. Барањата на сестринството, да добијат еднаков приоритет и третман во решавањето коешто го наложуваат европските и светски регулативи. За првпат гледаме можни партнери во создавањето на новата историја за сестринската професија за доброто и на  сестрите и на пациентите и на државата!
 
За прв пат од нашето основање, здружението доби покана за сослушување на барањата, но и нудење соодветни решенија и гаранции за закон и комора! Конечно пристигна интерес од политичка опција. Пристигна интерес за предлози, за потреби и барања, за решение на сестринските проблематики. Ние за прв пат сме прашани за нашите проблеми и за нашиот статус. За првпат добивме можност сѐ што работиме и сработивме да може да биде имплементирано и да допринесеме за стратегии и решенија, за статусот на медицинските сестри, акушерки и стоматолошки сестри.
 

Ве информираме дека во текот на вчерашниот ден бевме дел од состанокот на здравствената комисија на ВМРО-ДПМНЕ, каде имавме можност да ги истакнеме сите наши заложби и за прв пат да добиеме ветување за Закон и Комора.
 
 
Ние веруваме и го слушаме  зборот, но уште повеќе ги очекуваме делата,  зошто  истите  ја потврдуваат решителноста, но и доблеста, одговорноста да се издигне и врати достоинството на државата и на народот!
 

„Потребен е закон, потребна е комора, потребно е зголемување на платите, но најпотребно ни е заедништвото и достоинството! Сите искуства, целото знаење и целата енергија, сега и во иднина, јас како претседател и сите мои соработници и сите членови на Унијата кои во целост се вложуваат и ќе се вложуваат за доброто на сестринството!“ – истакна сестра Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“.


Со ситните суети и лични интереси на пресметани "додворувачи", Здруженито и Унијата ниту досега, ниту пак од сега ќе си го троши времето, бидејќи за нашето единство, посветеност и професионализам  говорат делата и бројот на членството.
 
Ние ја прифаќаме искрено  подадената рака и сакаме да веруваме дека овојпат конечно тоа ќе биде победничко партнерство во интерес на сегашноста и иднината на оваа земја!

Пребарување

Категории

Актуелно

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА 2024: ПРИЗНАНИЈА ЗА НАЈХУМАНИТЕ
13.5.2024
Започнувајќи од 5ми мај, Денот на акушерките па се до 12ти мај, Денот на медицинската сестра Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ организираше низа случувања кои кулуминираа со седмата свечена академија, која и овој пат беше организирана во Домот на АРМ, Скопје.
Види детали

Тагови

Архива на вести