БЛАГОДАРНИЦА ЗА УНИЈАТА НА ЗМСТАС И ЗМСТАС „ЗА НАС“ НА ПРОСЛАВАТА ОД 25 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ НА ЗМЛКЦ

Почитувани, ве известуваме дека минатата недела се одбележа 25от јубилеј од постоењето на ЗЛМКЦ – Здружение на медицински лаборанти Клинички центар.



Долгогодишната соработка и меѓусебна поддршка со Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ резултираше со благодарница во име на големиот придонес кон сестринската професија и сплотување на сите сродни здруженија.

 

„Заврши уште еден Лаб-квалити на кој присуствуваа учесници од целиот Балкан и пошироко, на кој сите заедно ги надминавме сите проблеми и предизвици кои сега веќе станаа пресвртници за нас.

Чест ни е што во вакви моменти не изостана поддршката од нашите колеги, и во тоа име ни претставува задоволство да доделиме симболична благодарница на претседателката м-р Гордана Бешлиовска за прекрасната соработка со Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“, кои се воедно и двигателите кои придонесоа за сплотувањето на сродните професии од нашата фела.“ -  истакна претседателот на ЗЛМКЦ, Ивица Апостолов.


„Кога признанијата се од колегите честта е огромна и знаеме дека сме на правиот пат. Честитки за јубилејот, ова е навистина време за движење напред.“ – м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унија на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“.



 

Пребарување

Категории

Актуелно

Македонските сестри поврзани со светот: Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството 2026
14.5.2026
На 12 мај 2026 година, во Домот на културата во Тетово, свечено и во силна атмосфера на почит, емоции и професионална гордост, беше одбележана Меѓународната недела на сестринството во Македонија преку одржување на 9-тата Свечена академија по повод 5 Мај – Светскиот ден на акушерките и 12 Мај – Интернационалниот ден на медицинските сестри.
Види детали

Тагови

Архива на вести