21ви Март: Светски ден на лицата со Даунов синдром

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром традиционално се одбележува на 21 март. Годинава овој ден е фокусиран на пристапот заснован на човековите права кон попреченоста – право да се третираат праведно, да имаат исти можности и слобода да направат сопствен избор.
 

Децата со Даунов синдром треба да имаат редовни контроли кај нивниот педијатар или семеен лекар, бидејќи овие лица имаат поголема веројатност да развијат одредени заболувања од општата популација.  Носете ги на редовни контроли за слух, вид и општото здравје. Охрабрете ги да бидат физички поактивни.


За овие лица се препорачува да посетуваат:
• логопед – за помош при зборување;
• физиотерапевт – за помош при одење, доколку имаат намален мускулен тонус;
• оптометрист и/или специјалист за слух – за помош со видот и слухот;


Разговарајте со вашиот семеен лекар или педијатар за да дознаете како вашето дете може да ги добие овие услуги.

Пребарување

Категории

Актуелно

Македонските сестри поврзани со светот: Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството 2026
14.5.2026
На 12 мај 2026 година, во Домот на културата во Тетово, свечено и во силна атмосфера на почит, емоции и професионална гордост, беше одбележана Меѓународната недела на сестринството во Македонија преку одржување на 9-тата Свечена академија по повод 5 Мај – Светскиот ден на акушерките и 12 Мај – Интернационалниот ден на медицинските сестри.
Види детали

Тагови

Архива на вести