ЗАВРШИ И ПОСЛЕДНАТА ТРИБИНА ЗА ЗАКОНОТ ЗА СЕСТРИНСКА ДЕЈНОСТ ВО СТРУМИЦА

Почитувани членови, со задоволство ве известуваме дека минатата недела, на 16.02.2024 год. (петок) се одржа и последната, четврта трибина на тема „ОТВОРЕНО СО СЕСТРИНСТВОТО ЗА СЕСТРИНСКАТА ДЕЈНОСТ“  која Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ ја иницираше со цел јавна расправа околу Законот за сестринска дејност.

 
„По успешната обиколка во Битола, Скопје и Тетово, и трибината во Струмица заврши како многу успешна, со голема посетеност, голем интерес и плодни дискусии со сестринството од целиот источен регион во нашата земја. На настанот присуствуваа сестри од сите здравствени институции од Струмица, Радовиш, Штип, но и од Скопје и околните градови... како и студенти од Високата медицинска школа во Штип и од средните стручни и медицински училишта.“ - изјавија од извршниот одбор на здружението.


Како дел од официјалните панелисти и поддржувачи на оваа платформа и овој пат со нас беа д-р Злате Мехмедовиќ, Национален координатор за реформи во примарната здравствена заштита, м-р Соња Славковиќ од Министерството за образование, м-р Гордана Бешлиовска, Претседател на Унија на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“ и учесниците во работните групи за изготвување на Законот за сестринска дејност: м-р Јулијана Маџовска, Претседател на Друштвото за историјатот на сестринската професија при ЗМСТАС „ЗА НАС“, Ирена Нечевска, дип. мед. тех., Координатор на Унија на ЗМСТАС и Претседател на ЗМСТА „Славјанка Влахчева“ при Унијата на ЗМСТАС, м-р Данче Сердарска, Член на извршниот одбор при ЗМСТАС „ЗА НАС“ и Ленче Донева, дип. мед. тех., Член на извршниот одбор при ЗМСТАС „ЗА НАС“.


Специјални гости - панелисти на настанот беа д-р Катарина Кузмановска, Директор на ОБ Струмица, Проф. Д-р Мухамед Таири, Факултет за мед.науки - Тетово, Проф. Д-р Ветон Адеми, Факултет за мед.науки - Тетово и професори од Високата Медицинска Школа во Штип.



И овој пат искажуваме голема благодарност до Каролина Петковска, голем хуманист, наш долгогодишен соработник и водител на овие трибини, Илија Милошевски, дип.мед.тех., Член на Извршниот одбор на ЗМСТАС „ЗА НАС“ за беспрекорната техничка поддршка, како и до нашите долгогодишни соработници „ЛАДНА“ за поддршката на сите јавни настани.