СЕ ОДРЖА И ВТОРАТА ТРИБИНА ВО СКОПЈЕ: ОТВОРЕНО СО СЕСТРИНСТВОТО ЗА СЕСТРИНСКАТА ДЕЈНОСТ

Почитувани, на 24 јануари 2024 година, во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ - Скопје се одржа и втората трибина на тема „ОТВОРЕНО СО СЕСТРИНСТВОТО ЗА СЕСТРИНСКАТА ДЕЈНОСТво организација на Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“.



На наше огромно задоволство и овој пат со нас беше д-р Злате Мехмедовиќ, Национален координатор за реформи во примарната здравствена заштита кој ја отвори трибината со предавање на тема: „Човечки ресурси во здравствениот систем со посебен осврт на медицинските сестри - техничари, акушерки и стоматолошки сестри“.



Претставникот на Светската Здравствена Организација м-р Симона Атанасова, истотака се обрати кон присутните презентирајќи ја својата тема: „Поддршката на СЗО за развојот на сестринската професија во Р. С. Македонија“



Како дел од панелистите  беше и 
м-р Гордана Бешлиовска, Претседател на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“, како и учесниците во работните групи за изготвување на Законот за сестринска дејност: м-р Јулијана Маџовска, Претседател на Друштвото за историјатот на сестринската професија при ЗМСТАС „ЗА НАС“; Ирена Нечевска, дип. мед. тех., Претседател и координатор на ЗМСТА „Славјанка Влахчева“ при Унијата на ЗМСТАС и Ленче Донева, дип. мед. тех., Член на извршниот одбор при ЗМСТАС „ЗА НАС“.


 

„Дојдовме во момент кога конечно Законот е дојден на јавна расправа и се надеваме дека наскоро истиот ќе влезе во собраниска процедура. Во овој момент сакам да се заблагодарам на истрајноста на целото сестринство, а особено на луѓето кои се дел од организацискиот и извршниот одбор на здружението бидејќи навистина посветеноста и сплотеноста не доведоа до тука. Знаете дека веќе седма година како активно придонесуваме да се чуе гласот на нашата професија, а донесувањето на Законот ќе ни овозможи конечно да го забрзаме целиот процес на унапредување и вреднување на сестринската професија во нашата земја. Голема благодарност и до нашите соработници, кои на овие трибини се дел од нашите дискусии и придонесуваат со своето искуство, знаење и кредибилитет да не насочат и да ни дадат мотив за истрајност.“ - изјави сестра Гордана Бешлиовска.


Настанот и овој пат го водеше Каролина Петковска, нашиот долгогодишен соработник и поддржувач на сестринската професија.



Третата трибина е најавена за 9ти февруари во Тетово, а останатите информаци ќе следат во наредните објави.